Јас платив 4.400 евра помалку од цената на табличката до колата што стои, плус добив и гумени патосници, а не успеав да лапнам и кровни држачи (на тие као ми направија попуст и од 18.000 можев да ги земам за 12.000 денари)
Јес да го искористив џокерот повикај пријател што симна колку за регистрација и Зелена карта од тоа шти симна продавачот, ама незначително е тоа во споредба колку симна продавачот.
Во потполност се согласувам со тебе, и кај мене беше слично, што освен патосници добив и гимици. А попустот со пријател е во истата рамка. Добиваш повеќе попуст отколку сам како сериозен, секако зборам за мојата ситуација.
Значи
@Bauer и другите, не ме сфаќајте погрешно. Ако ја читаш од почеток темава ќе го научиш истото што и јас. И можеби приказнава е ограничена за Македонија и балканот, и кола од лагер.
Еве ти ја патеката која јас ја поминав за купување кола од лагер во Македонија:
1. Кој сегмент на кола сакаш?
2. До колку пари да биде? (- YXXX€ од тоа што би го дал, 1<=Y<=4, 0<=X<=9)
3. Која опременост ти треба (Сензори?, Автоматик?, ЛЕД? Итн.)
3а. Дизел/Бензин/Хибрид итн.
4. Имаш ли некакви предрасуди и други потреби? (пр. не сакаш француски коли и купуваш хитно кола заради враќање од странство)
5. Пишуваш пост на форумот со претходните 4 точки, собираш знаење и дискутираш со членовите.
5а. Паралелно одиш по салони и тестираш возила и се правиш заинтересиран за секоја за да видиш до кај иде цената (Возиш дури и Форд Фокус... Ама и Мазда.
Eдната Salesgirl ти вика "те молам полека со гаста", другата "гази, гази! ")
Од почеток си сакал Гољф, ама дента кога ти закажале тест вожња на продавачот колата му отишла на ОхридФест и ќе се врати после 5 недели, па и не ти се извинува. види: Купувам хитно кола заради враќање од странство!
6. Сумираш се на форум + за себе.
7! Во Германија дискутираат за забрана на <=еуро5 дизел во големите градови. Па се решаваш да погледнеш и Хонда Сивик 1.5 182кс, ама ќутиш на форумот за тоа, бидејќи на некои членови не им се свиѓа фејк тјунингот што го виделе на YouTube carwow. Им бараш тест возење во Макпетрол, а они само една продале, море какво тест возило. А тоа 182кс бензин колку троши, јас нели возам 20000км+ годишно?
8. Преспиваш.
9. Па привремената алфа 147 јтд 2002г. покажува ниво на уље на борд, зашто новиве од толку пари не го можат тоа?
9a. Класниот ти вика да провериш Леон уште еднаш. Возиш Леон Екселенс. ( да беше за Фокус немаше да послушам)
10. Решаваш за топ 3 и активираш пријатели. Ги добиваш финалните цени. Маздата е топ ама нема ни лед ни паркинг сензори, а и седиштата на леонот се боље. Голфот претерува со цената, а и леонов Екселенс те фасцинирал.
.
.
.
10 + X. Купуваш Леон.
Поздрав!
П. С. Криво ми е за сејлсгирл од Мазда. Да имав пари за фрлање ќе купев една и од неа
Гази, Гази!
П. П. С. И воедно бонус за
@Bauer: Попустот со мојот пријател во мазда беше прилично поголем од тој во порше ск.