Не сум се заинтересирал многу за Леонов да читам по интернет се детално па незнам точно што е разликата помеѓу обичниот и ФР, но сигурно покрај предниот и задниот браник има разлика и во седиштата, воланот а веројатно и ФР е спушен 10-15мм во подвозјето.
Како и да е не се планира ништо да се менува во таа насока, закажано е на почетокот на Август средување на мала гребнатинка на задниот браник, исто имаше и многу мала гребнатинка на предниот браник доле лево па се договорив и тоа да се среди веќе кога ќе се прави боја. Неколку дена после тоа има закажано 3 дневен третман кај Дарко во Прилеп да се дотера и светне одвнатре и однадвор и другата недела ќе и биде направен и сервис веројатно во Митревски, тоа е тоа околу колата и моменталните вложувања.
Вчера бев со неа до Неготино и денеска до Скопје и сум позитивно изненаден од подвозјето и моторот како се однесуваат на големи брзини и при побрза вожња во кривини.
Се гледа и разликата во користените материјали и завршната обработка во однос на Голф 7, односно штедењето кај Леонот, сепак разликата при исто опремени примероци е околу 2500-3000 ЕУ што не се малку пари, додуша и немаше добро опремени Голф 7ци многу многу за избор.
Што се однесува до потрошувачката, во поледните 4000км и беше 6.0л/100км кога ја земав, а и според возењево приметувам дека грубо околу 1л помалце троши од Аудито при слична вожња.
Што се однесува до брзина, оваа е побрза до кај 180-190 од Аудито, после тоа ми се чини дека тоа е побрзо, субјективно секако. Дали е навитина така треба да измерам.