Автор Тема: Совет за половно возило до 12.000 EU  (Прочитано 16686 пати)

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3838
Совет за половно возило до 12.000 EU
« на: 06 Јули 2017, 10:14:49 am »
Веќе 1 недела барам половно возило за брат ми по огласиве низ Македонија, но никако да се решам или да најдам нешто што ќе ме предомисли претерано па ја отворам темава за совети, препораки, коментари околу возилата и слично.

Барам половно возило од Голф класата со максимална цена до 12.000 ЕУ, би сакал возилото да е што поново годиште, барем од 2010 па наваму, се разбира што поново тоа подобро. Моја лична преференца и најголема предност би имало доколку е Аутоматик зошто сум воодушевен од лежерноста на возењето на аутоматик и воопшто не би ми сметало да троши литар повеќе заради тоа. Би сакал да е дизел, но некој турбо бензинец со плин исто така не е на одмет, немам предрасуди околу тоа освен што не ми се даваат многу пари за бензинец од причина што премногу брзо губат на цена. Брат ми има најголем мерак на Голф и Сеат Леон така да голема е веројатноста да биде некоа од тие опции. Алфа, Фиат и Ситроен заради негови лични преференци не идат во обзир. Не е голем познавач на колите но сепак се разбира нешто од нешто и не ги сака тие возила.

Балгадарение на МАРЈАН кој вчера се заангажира претерано и ми испрати доста возила кои ми се допаѓаат ќе ги ставам тука сите што ги знам и ќе пишам лично мислење за нив, совети, коментари, забелешки, информации за наведените возила, како и нови предлози се и повеќе од добредојдени.

1. Golf 6 2.0 TDI DSGhttps://www.pazar3.mk/%D0%9E%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%81/%D0%A1%D0%B5-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D0%B2%D0%B0/%D0%A1%D0%BA%D0%BE%D0%BFj%D0%B5/%D0%91%D1%83%D1%82%D0%B5%D0%BB/%D0%92%D0%9E%D0%97%D0%98%D0%9B%D0%90/%D0%90%D0%B2%D1%82%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D0%B1%D0%B8%D0%BB%D0%B8/VW-Volkswagen/Golf/Golf/VW-GOLF-6-2-0-TDI-automatik-DSG/2662918
Кај овој голф највеќе што не ми се допаѓа е рачката на ДСГ то која што е како од првата генерација и тоа малце ми влева сомнеж за колата, исто така според навигацијата гледам дека е од Увоз, а и стои на плац што исто така не ми е воопшто по мерак. Сепак заради аутоматикот ја ставам тука.


2. Skoca Octavia 2 FL 2.0 TDI DSG VRShttps://www.pazar3.mk/%D0%9E%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%81/%D0%A1%D0%B5-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D0%B2%D0%B0/%D0%A1%D0%BA%D0%BE%D0%BFj%D0%B5/%D0%91%D1%83%D1%82%D0%B5%D0%BB/%D0%92%D0%9E%D0%97%D0%98%D0%9B%D0%90/%D0%90%D0%B2%D1%82%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D0%B1%D0%B8%D0%BB%D0%B8/%C5%A0koda/Octavia/Skoda-Octavia-2-0-TDI-VRS-170-Ps/2691848
Шкодава ми е најмалку визуелно привлечна и тоа и го сметам за најголема мана за 24 годишен, ми се допаѓаат многу погонот и мењачот и сметам дека со вметнување на RCD 510 i Xenon во предните проектори уште повеќе ќе заличи. Незнам како се покажани ДСГ мењачите при 170кс моторите особено во Шкода каде што според мое размислување кое што немора да е точно одат понеквалитетните компоненти. Сепак сметам дека обавезно треба да се види.


3. Opel Astra J 1.6 Turbo Automatichttp://reklama5.mk/AdDetails?ad=2516384
Според кажувањата на сопственикот на колата кој што преку телефон ми личеше на голем мераклија, возилово било во сопственост на Руската Амбасада и постои комплетна историја за него во Аутомакедонија каде што може да се провери километражата и состојбата. Напишал 210кс што одма ми падна во око зошто знам дека нема таква верзија па ми кажа дека колата ја ремапирал пред неколку месеци и дека доколку сакам може да ја добијам со оргиналната мапа односно да се ремапира, што е разбира дека ќе го побарам доколку е ремапирана во маалска гаража. Сметам дека со цената ја претерал многу и дека реално не вреди толку, што заради тоа што е бензин, толку и заради тоа што е Астра и е 7 години стара. Инаку колата изгледа одлично зачувана и стварно ми се допаѓа и опремата и се, се разбира одма ќе треба да се вложат уште 400-500 еу во Ксенон фарови зошто изгледа очајно со вие.


4. Seat Leon III 2.0 TDI 150hp Manual 2013 Год.
За овој сеат немам оглас зошто е од познаник кои сеуште се двоуми дали сигурно сака да го продава. Колата е купена нова од салон и они се први сопственици. Има 50.000км и иде со 17 летни и 16 зимски бандажи, LED Светла, сензори... доста опрема има. Одлично зачувана и секогаш е редовно сервисирана. Не ми се допаѓа многу тоа што е со мануелен мењач но сметам дека тоа што е од прв газда, со мала километража и доста поново годиште компензира за сето тоа. Цената и е пониска од на Астрата но незнам точно колку. Еве слика од возилото од нет.


5. Golf 6 2.0 TDI DSGhttp://reklama5.mk/AdDetails?ad=2535888
Премногу сиромашно опремена, особено за таа цена. На слики изгледа дека километражата е реална, но за 12500 без автоматска клима, сензор за светло, Хајлајн, команди на вонал сметам дека не вреди.


Сега за сега тие ми текнаа, ако некој знае некое возило што мисли дека ќе ми се допадне нека го сподели тука.

П.С. Немам до сега ставано линк залепен за текст, на пример кога ќе се стисне она Голф 6 и директно да го дава линко, така да админите нека преправат ако смета. Или нека ми кажат како, јас ќе преправам.



If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Одг: Совет за половно возило
« Одговори #1 на: 06 Јули 2017, 10:18:42 am »
Земи го леонот или увези си сам по твој мерак.

Астрата ќе троши. Ама многу ќе троши.
Другите ми се Мех, онака.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Совет за половно возило до 12.000 EU
« Одговори #2 на: 06 Јули 2017, 10:18:59 am »
Повели и со здравје да си го возиш. Дечкото гарантира за километражата и само позитивно искуство од овој плац.

http://reklama5.mk/AdDetails?ad=1874251

Peugeot 308 Business Pack 1.6 HDI

За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3838
Одг: Совет за половно возило до 12.000 EU
« Одговори #3 на: 06 Јули 2017, 10:26:25 am »
@Luki Junior Денеска го чекам сопственикот на леонот да ми потврди дали го продава, инаку и јас сум највеќе за тој. Што се однесува до увоз, гледав набрзинка малце на Мобиле.де и гледам дека возило какво што барам и таму е доста скапо, односно за 12-12.500 не наоѓам ДСГ Голф 6 или Леон ДСГ 2.0 ТДИ.

@howitz  Интересно изгледа пежово, сепак воопшто не сум љубител на француски коли. Во секој случај го ставив во букмар и следно одење во Скопје ќе поминам да го видам обавезно. Фала
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Совет за половно возило до 12.000 EU
« Одговори #4 на: 06 Јули 2017, 10:29:12 am »
Појди види го, има многу опрема, 2014 година е возилото, башка подобри мотори имаат од VW :)
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3838
Одг: Совет за половно возило до 12.000 EU
« Одговори #5 на: 06 Јули 2017, 10:35:38 am »
Оваа опрема што ја има не ја сметам за добро опремена воошто :) Нема ништо од тоа што би вршело стварно работа и би направило исчекор во однос на другите. Темпоматот е добар, навигацијата е интересна и убаво е да се има но за жал малце корисна кај нас. Корисните работи како Xenon, Паркинг Сензори, Подобри седишта за жал ги нема.
Што се однесува до моторот, сега се слушнав со сопствеников, изгледа е 100кс моделот што сметам дека е премалку и прескапо.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5548
Одг: Совет за половно возило до 12.000 EU
« Одговори #6 на: 06 Јули 2017, 10:37:22 am »
Земај леонот ако се продава, чим нема дсг за тие пари на мобиле тогаш овие од огласиве се донесени овде со некоја фалинка.

Sent from my Redmi 4X using Tapatalk

Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Одг: Совет за половно возило до 12.000 EU
« Одговори #7 на: 06 Јули 2017, 10:42:04 am »
...

Подобра индикација од тоа, здравје што и како се случува на пазарот. Како што кажа и Владич3110. Конкретно ДСГ кај фолксваген ако не е одржуван како што треба, е ноќна мора.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7385
Одг: Совет за половно возило до 12.000 EU
« Одговори #8 на: 06 Јули 2017, 11:21:32 am »
Саше земајте го Леончето и ич не му ја мисли. Ново такво треба да е околу 19.000 мислам. Ти да го земеш 12.000, таман си е. Башка познато возило, и има уште многу километри вожња во него.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: Совет за половно возило до 12.000 EU
« Одговори #9 на: 06 Јули 2017, 11:32:03 am »
Чисто прашувам, дали евентуално си размислил во правец за ново возило?
0км, гаранција, 5 години да си раат?
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3838
Одг: Совет за половно возило до 12.000 EU
« Одговори #10 на: 06 Јули 2017, 11:32:23 am »
Очекувам еве повик од сопственикот на Ленот. Многу возила имаат и вајда им здосади воа како најгрдо у фамилија, но некој проект фанале за работа накај штип па имало шанса воа да го остават у фирма како службено. Чекам да видам што ќе решат.

@SaleSk  Размислував но сепак за 12500 нема ново возило какво што сака брат ми, а богами ни јас. Нема да се вози толку километри ни па ќе биде примарно возило за работа така да нека си истера мерак. Му реков ако сака за тие пари и ново некое но се реши на поубаво и поопремено но старо. Негов избор.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA


Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Совет за половно возило до 12.000 EU
« Одговори #12 на: 06 Јули 2017, 12:24:04 pm »
Според сликиве што гледам, опремата би ја ставил на второ место и би идел на последниот голф што го стави. Нема сензор за дожд и автокматска клима ама па мислам дека е разумен компромис. Добар мотор, добар дсг, колата е покажана, стабилна, потивка од леонот, има добри седишта.
« Последно менување: 06 Јули 2017, 15:33:34 pm vlatko.klp »

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3838
Одг: Совет за половно возило до 12.000 EU
« Одговори #13 на: 06 Јули 2017, 15:03:56 pm »
@vlatko.klp  Ќе се јавам во делукс ауто да видам што ќе дадат најниска цена. За вие пари не ми се допаѓа, ни команди на волан нема ни ништо. Сепак имам пријател што соработува со нив па ќе видам што може да понудат.

Успат најдов едно добро Широко од Германија, пишува Аксидент фри, продавачов како што можам да видам е озбилна фирма... Незнам само колку би фанале трошоците за царина тука. Има некој некоја идеа ?
https://suchen.mobile.de/fahrzeuge/details.html?id=244104856&damageUnrepaired=NO_DAMAGE_UNREPAIRED&fuels=DIESEL&isSearchRequest=true&makeModelVariant1.makeId=25200&makeModelVariant1.modelId=29&maxMileage=150000&minFirstRegistrationDate=2011-01-01&pageNumber=1&scopeId=C&vatable=true&fnai=prev
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Совет за половно возило до 12.000 EU
« Одговори #14 на: 06 Јули 2017, 15:10:28 pm »
Грубо, мое мислење дека испод 4000 евра нема да биде. Со олку опрема, башка по шваке бог знае колку ќе ти го проценат.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.