Некако успеа Ѓули да сврти над 1.600км за една недела. Одморски терана, Скопје-г.п.Богородица-Лефкада-низ Лефкада-г.п.Меџитлија-Охрид-низ Охрид-преку Дебар-Скопје
Прво, одмор - пакунг.
Џулиетата има еден од најмалите по зафатнина гепеци во класа, од 350л. (мислам од таа генерација само Леон дека има помал со 341л.). Но е сосема доволен за едно 5-то члено семејство да оди на годишен одмор.
Во гепеков, покрај задолжителната опрема, има голем куфер со гардероба за двајца возрасни и три деца, кеса со папучи, кеса со гуми и мускули, кеса со пешкири, ранец со козметики, чадор за сонце, 3 рогозини, столче. Овие последниве 3 аксесоари прв пат ги носиме на одмор и обично тој простор останува празен во гепек.
На пат возев нормално, +10-20 од дозволено. Затворили смо прозоре да мисле да нам ради климу.
По пат немаше нешто посебно гужва, дури и релаксирано беше. На идење на граница почекавме 40-тина минути, на враќање 5.
Лефкада и Џули се сакаат, кривините, нагорнините/удолниците се направени за неа.
Логот вели:
Прво полнење Лукоил Гевгелија.
Второ Шел В Поњер Лефкада.
Трето исто, потрошено низ Лефкада.
Четврто Макпетрол Охрид.
Петто Макпетрол Партизанска.
Борд вели:
На враќање на автопат се заигравме со еден колега
И некоја рандом сликица:
Ако некој го планира патот, преку Гевгелија за Лефкада има 7 патарини во износ од 14,85 еур, а Лефкада Битола има 4 во износ од 9,45 еур