1. Многу се нервирам кога колата ми е валкана, што дури си купив WAP да си ја перам како што сакам

2. Мразам after market радија особено што светат во различни бои.
3. Сакам ретровизорите секогаш да ми се во идеална позиција дур возам, така што и да направам мало поместување во седењето ги прилагодувам и нив.
4. Колата секогаш ја палам со кумплунг.
5. Зимно време не кревам рачна, само ја ставам во брзина
6. Секогаш морам да имам вода за ветробранско стакло. Си купувам и евтино средство за чистење стакла летно време и го мешам со водата.
7. Не дозволувам цигари во кола.
8. Се трудам се што е кожа во колата да го заштитам од секојдневно користење и остри работи (каиши, копчиња, прстени...)
9. Под 1/4 резервоар никогаш не ја оставам колата.
10. Водам евиденција за секое полнење гориво и сервис, без исклучок.
11. Секогаш багажникот ми е покриен одоздола со најлон и над тоа ќебе заради носење на работи кои можат да протечат или да се извалкаат особено од количка после дожд и сл.
12. Секогаш имам гумени патосници оти нема нешто што повеќе ме нервира од флеки на подот.