Автор Тема: Што е попаметно?  (Прочитано 14436 пати)

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6737
  • Бенве сие бенве
Што е попаметно?
« на: 16 Јуни 2017, 13:15:21 pm »
Го продадов БМВ то и останав само со опелчето кое што и не е мое, сега сум во потрага по друга половна кола па не знам за што да се одлучам, змијата или магарето.
Ќе ми треба кола која што е удобна за на отворен пат, едноставна за одржување, доверлива, и убава на лик. Такво нешто има ама јас сум ограничен со буџет за кола до 10 000еур кои што искрено не ми се даваат сите и фазла од тие не давам ни цент. Колата ќе ја ставам на бг таблици па цените ги гледам како во геманија + нешто ситно што ќе имам трошок.
Се мислев за 530-е60 - Сите се со над 270+км и над 12 год старост - некој го изгустирал и мене ќе ми остане да дремам по мајстори
- Пасат цц - добар у германија е околу 10 000 - можам да го земам само што ќе треба да си ги дадам сите пари и да не ми остане ништо за „не дај боже“
- мерцедес ц класа - многу километри и пари
- а4 - многу километри за моите пари
-мондео - прифатлива цена немам информација околу квалитет
- инсигниа - убава ама опел
-Голф 6 - кралот у класата, лепотан брз стабилен и секси, најдов еден 2010год 2.0 140кс за прифатлива цена, утре ќе одам да го гледам ако е ок ќе го купам.
- шкода јети - сум возел рента-кар до душа последниов модел беше многу стабилно и удобно возило 1000км не ги ни сетив.
- рено меган - со возење како моето без милост ќе треба повеќе да е у сервис отколку кај мене.


Друга опција е да отидам да си уплатам нов голф 7 со учество од 7-8 000еур на лизинг и да си возам ново. Може е и најдобра, ама утре кога ќе дојде ред за продавање ќе изгубам многу и голфот за тие пари околу 15 000еур ќе биде со основна опрема (читај гол).

п.с. улавите од царина ми бараат 2300еур за голф 6 2010 само царина >:(

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7385
Одг: Што е попаметно?
« Одговори #1 на: 16 Јуни 2017, 13:20:40 pm »
БМВ е90 2010 не земаш во предвид ? Некоја 320ка 177/184 коња со ~150.000 ? Треба да е околу 10.000 евра.

За нов добар голф ти треба минимум ~18.000евра.

Присутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3257
Одг: Што е попаметно?
« Одговори #2 на: 16 Јуни 2017, 13:21:32 pm »
1. Колку време планираш да ја задржиш колата кај тебе, пред да одлучиш да ја продаваш?
2. Тебе лично, не гледајќи ги коливе што си ги напишал која кола најмногу ти прави ќеиф да ја поседуваш?

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Одг: Што е попаметно?
« Одговори #3 на: 16 Јуни 2017, 13:21:49 pm »
Mondeo ST220 на плин и ќе останат едно 3-4 илјади евра на страна.  ;D

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Што е попаметно?
« Одговори #4 на: 16 Јуни 2017, 13:21:55 pm »
Сој тој буџет дефинитивно гледајќи на подолг рок и разумно, јас лично би одлучил нешто од голф класа. Дали било голф, меган, астра е најмалку важно во моментов.

Или нешто домашно од тука но поново од типот на Авенсис, Акорд бензинче пошто ми изгледа не возиш многу на годишно ниво.

Зошто го продаде БМВ-то?

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6737
  • Бенве сие бенве
Одг: Што е попаметно?
« Одговори #5 на: 16 Јуни 2017, 13:23:53 pm »
не сум размислил за 3ка, тоа ќе му дојде исто како кец во лимузина изведба. Скоро сите што ги гледав извозени се многу, ако не се извозени се продаваат од турчин и се сомнителни :)

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7385
Одг: Што е попаметно?
« Одговори #6 на: 16 Јуни 2017, 13:26:42 pm »
Убаво вика Влатко, за тие пари нема добра лимузина. Лапај некоја добра 6ка со 100.000км и мирна глава, и ќе ти остане некое евро.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6737
  • Бенве сие бенве
Одг: Што е попаметно?
« Одговори #7 на: 16 Јуни 2017, 13:31:13 pm »
Планирам да ја задржам 3-4 год, потоа ќе биде многу стара. Километри годишно околу 15 000+. БМВ-то го продадов затоа што ми здосади и беше многу неудобно за возење, тврдо со спорт суспензија, спортски тесни седишта за човек со плус килажа, тесно, не прегледно, не практично итн...
Сите ми се допаѓаат, освен реното, у игра е ради тоа што е ново со година, а евтино, голфот ми се гледа како најразумен избор затоа што е по нов, држи цена и лесно се продава. За одржување јасно е дека премиум бренд е доста по скап од останатите.

едит: Авенсисот ми е грдо возило, го гледав ама нема никаков адут освен квалитетот. Акордот е добра лимузина, не ми текнало да ги погледнам

Отсутен zvonkog

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1069

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8954
Одг: Што е попаметно?
« Одговори #9 на: 16 Јуни 2017, 16:17:27 pm »
јас би одел на ново. Со км што ги правиш таман за мерак ќе си возиш

Отсутен Klen

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2327
  • Продавам течност за жмигавци
Замисли да си кола и да ти вградат плин :(
Попрво оди кај некој дома во гаража него во М Кар поголеми ти се шансите да си ја средиш колата

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Што е попаметно?
« Одговори #11 на: 16 Јуни 2017, 16:47:16 pm »
Нов мотор, по книшка сервисиран. 10/10, would buy ;D

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Што е попаметно?
« Одговори #12 на: 16 Јуни 2017, 17:32:00 pm »
Купи си Голф, госпот да те види.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1720
Одг: Што е попаметно?
« Одговори #13 на: 16 Јуни 2017, 17:36:41 pm »
Планирам да ја задржам 3-4 год, потоа ќе биде многу стара. Километри годишно околу 15 000+. БМВ-то го продадов затоа што ми здосади и беше многу неудобно за возење, тврдо со спорт суспензија, спортски тесни седишта за човек со плус килажа, тесно, не прегледно, не практично итн...
Сите ми се допаѓаат, освен реното, у игра е ради тоа што е ново со година, а евтино, голфот ми се гледа како најразумен избор затоа што е по нов, држи цена и лесно се продава. За одржување јасно е дека премиум бренд е доста по скап од останатите.

едит: Авенсисот ми е грдо возило, го гледав ама нема никаков адут освен квалитетот. Акордот е добра лимузина, не ми текнало да ги погледнам

Купи си нова кола. 10к не се малку пари да ризикуваш.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29666
    • CARclub.mk
Одг: Што е попаметно?
« Одговори #14 на: 16 Јуни 2017, 17:40:17 pm »
Ако е добра 6-ката, земи си ја. 3-4 години ќе те служи без мука, и пак ќе го продадеш за пристојна сума.