Дали некој има искуство со менување батерија на лаптоп? После замената, дали лаптопот нормално си работи и батеријата држи како што треба, или само ќе фрлам 4.000 денари за батерија што можеби нема да трае? Другото на лаптопот ми е сè океј, само батеријата веќе воопшто не држи. Дали вреди да се смени да не мкнам кабли и барам штекери..
Каков лаптоп и каква батерија, јас освен оригинална не би ставил друга, имам менувано и по 2 пати на ист лаптоп, се подобрува времето ама не е како од фабрика.
Имам HP лаптоп од 2021 година. Иако е веќе 5 години стар, до минатата година работеше без никаков проблем. Од минатата година почна да зеза батеријата, а сега е нон-стоп на полнач и воопшто не држи батерија. Ако не е приклучен на полнач, не може ни да се вклучи.
Батерија, според тоа што најдов тука:
https://saaf.mk/categories/baterii-za-laptop, чини околу 4.000 денари.
Па ме интересира дали да ја сменам батеријата или да купам нов лаптоп. Буџетот за нов би ми бил до 24.000 денари, колку што го имав платено и овој. Лаптопот инаку функционира перфектно, единствениот проблем е батеријата.
Да напоменам околу 2ипол дена додека беше нов батеријата држи.Со промена од твое исксутво дали издржува еден ден?