Види иако реално повеќе би ми одговарал лично цитроенот дека е помал, нуди многу помалце за 20.000 евра така испаѓа исто или дури и поскап, а да не заборавиме дека во претходната генерација истиот тој цитроен со добра репутација го имаше 1.2 пјуртек моторот со каиш во уље
Е баш така. Најужасниот 1.2, па еве и покрај сите проблеми, Цитрон повторно се продава. Брендот си ја задржа репутацијата, ги призна грешките и ги прифати критиките од купувачите. Не се правеа дека проблемите не постојат, туку ги слушнаа луѓето и почнаа да ги исправуваат.
Истото се однесува и на Renault. Демек бил пред колапс и затворање, а проблемите со фамозниот 1.2 PureTech не беа само кај Citroën, туку и кај Peugeot. И таму ги признаа грешките, ги слушнаа купувачите и се поправија работите. Денес брендот е одлично етаблиран.
Само погледнете колку нови C3 се возат низ градот. А и боите им се погодени баш убаво. Знам неколку случаи каде што луѓето, иако имаа можност да избираат, воопшто не се одлучија за кинеско возило — туку купија Citroën C3 или Peugeot, повторно со тој фамозен 1.2 мотор.
Да резимирам: немам ништо против кинеските автомобили. Напротив, нека има конкуренција. Но, напорни се веќе со убедувањето дека сè е совршено, додека еден куп луѓе пишуваат поплаки, особено во братска Србија, каде што можат да се прочитаат доста незадоволни корисници.
Јас сум убеден дека кинеските автомобили многу тешко ќе поминат во Источна Европа. Без оглед колку ќе се убедуваме дека се добро пласирани, вистинската слика ќе ја видиме кога ќе почнат масовно да се гледаат по улиците. Сè друго засега ми е повеќе празна приказна и тешење.
Според мене, моментално се прескапи во однос на тоа што го нудат како цена и квалитет. Но, добро — секој со своите пари си одговара што ќе купи.
Секој има право да си го каже своето мислење.
Ова е моето мислење за кинеските возила.