Така ја купив колата Џимни. Сообраќајната беше на Д.Т од Прилеп, првиот договор на Турчин/Албанец од с. Меџитлија, вториот договор на препродавачот од Прилеп и третиот договор беше направен помеѓу мене и препродавачот. Појасно ти е сега?
Не,не ми е јасно купуваш кола , сообраќајна не е на твое име како може да купиш нешто со свои пари а да не фигурираш ти со ембг дека си ти, во превод купувам стан ама имотен лист е на твое име а парите се мои така?
Не бре, купуваш кола од Трпе, а сообраќајната е на Петре, зашто Трпе не извадил сообраќајна на свое име, него ја препродава на тебе. Ти со 2та договора ќе си извадиш сообраќајна на твое име и тоа е тоа. (вака можеше порано)
Така можело порано, а сега мора прво Трпе да извади сообраќајна на негово име, па да ти ја продаде тебе. За секој купопродажен договор мора сообраќајна нова.