Автор Тема: Рекла Казала IV: Fury Road  (Прочитано 2739693 пати)

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1900
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18885 на: 12 Јануари 2026, 19:35:08 pm »
Ќе цитирам еден член на форумов кој долги години живее во странство.

"Сегде е исти курац само тарифата е различна."

Многу вистина има во ова.

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7649
  • French diamond
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18886 на: 12 Јануари 2026, 22:00:33 pm »
Само што кај нас за да осудат некој, а прашање е и дали ќе осудат, треба да дремат луѓето по улици, за нешто што едноставно треба да се случи без никој да протестира, а во нормалниот свет ќе лежи кривиот во затвор.

Исто како што треба пријатели за на болница, за да положиш возачка, за да се вработиш и уште многу ЗА ДА.
Исто да се заканваш/тепаш со некој што те заебал и продал фалш роба и листата нема крај.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6862
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18887 на: 13 Јануари 2026, 16:17:31 pm »
Дечки, дали некој од вас е регистриран на Prolific?

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5433
  • Пиши лаже
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18888 на: 13 Јануари 2026, 18:40:40 pm »
Дали има можност да се провери дали новиот газда на Корсата си ја променил сообраќајната?
Ми пристигнаа 2 опомени од МВР, му кажаб него сма чисто да знам


Sent from my iPhone using Tapatalk
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7099
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18889 на: 13 Јануари 2026, 18:48:55 pm »
Луге што купуваат кола, а не ја менуваат сообраќајната на нивно име се препродавачи.
Не сум прочепкал по прописи, ама треба да има ригорозна казна во поглед на ова.

Јас кога го купував Бравото, дечкото што ми ја продаде ме замоли кога ќе ја завршам процедурата со замена на таблиците и новата сообраќајна, да го известам со слика, и он да си е мирен, и јас.

Нажалост препродавачите кои сакаат по секоја цена ќар на возилото, само прават купопродажен договор без да ја сменат сообраќајната и така се препродаваат колите.

Отсутен Rammlied

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 334
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18890 на: 13 Јануари 2026, 18:59:10 pm »
Проверка само во системот на МВР, најди си другарче и по таблицата ќе види кој е најновиот газда.

Сега со сејф сити најбезбедно е одјава на таблици одма па нека си вади пробни.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7099
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18891 на: 13 Јануари 2026, 19:08:31 pm »
Ако е од ист град купувачот, не се прави одјава на таблици. Само ако е од друг град.
Ама можете одма после заверката на купопродажниот договор да одите на технички за замена на сообраќајната.

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5433
  • Пиши лаже
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18892 на: 13 Јануари 2026, 19:44:05 pm »
Да, препродавач е човекот. Јас веднаш си ја променив сообраќајната на мое име, тој сеуште не.
Мислев да не има некоја опција за проверка, ама не е страшно ке ми проверат по таблица.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7099
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18893 на: 13 Јануари 2026, 20:12:25 pm »
Штом е препродавач и се додека колата циркулира кај препродавачи, никој од нив нема да смени сообраќајна баш заради тоа што сака да ја продава колата, а не да ја чува за себе.

Уште еден проблем за сејф сити.

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 972
  • The best or nothing.
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18894 на: 13 Јануари 2026, 23:56:07 pm »
Пренеси му, да знае дека може во иднина да му стигаат казни, па да се брка со извршители.
Ако и после официјален старт на сејф сити, ти стигаат казните, те зболе. Имаш купопродажен договор.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7099
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18895 на: 14 Јануари 2026, 00:44:53 am »
Се во ред купопродажен, ама официјален документ за самото возило е сообраќајна дозвола, тоа е фактички неговата лична карта сосе сите податоци. Податоците во МВР за возилото се внесени врз база на сообраќајната дозвола, таа ако не одиш да ја менуваш, податоците секогаш ќе останат од последната промена на сообраќајната.

И реално треба да биде проблем и нотарите да почнат да не заверуваат купопродажни договори ако и сообраќајната не гласи на име на оној што го продава, пошто да сме реални возило што завршило кај препродавачи, ќе смени 10 такви, а сообраќајната останала на најпрвиот што го продал.

Тоа и реално треба да биде надлежност на нотарот, да го натера уште првиот препродавач кога ќе воочи дека продава возило со не сменета сообраќајна, прво да оди да ја смени на свое име, па да продава возило.
И треба да има ригорозна казна за не заменување на сообраќајна дозвола ако си купил возило.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18017
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18896 на: 14 Јануари 2026, 04:50:45 am »
А во МВР на гравчиња да гатаат дека двајцава вистина, жими мајка се договориле да си ја продадат колава? ;D

Нотарскиот договор е единствениот документ потребен за промена на сопственост на сообраќајна.

Отсутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7207
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18897 на: 14 Јануари 2026, 07:39:28 am »
Уживај си, негово право е да си направи промена во сообраќајната дозвола, ако не знае ќе ја плати таа школа.  :D

Цитат: Закон за возила
Член 33
Издавање на сообраќајна дозвола
(12) Секоја измена која влијае на промена на податоците во сообраќајната
дозвола, кои се однесуваат особено на: технички промени на возилото, промена
на сопственоста, промена на адресата на живеење, одјавување на возилото и
слично, сопственикот е должен во рок од 15 дена од денот на настанување на
промената да ја пријави во Министерството за внатрешни работи според местото
на регистрација на возилото или според живеалиштето, односно седиштето на
сопственикот. Кон пријавата за промена, сопственикот на регистрираното возило
е должен да приложи и докази со кои ја докажува настанатата промена.

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 650
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18898 на: 14 Јануари 2026, 09:18:59 am »
Штом е препродавач и се додека колата циркулира кај препродавачи, никој од нив нема да смени сообраќајна баш заради тоа што сака да ја продава колата, а не да ја чува за себе.

Уште еден проблем за сејф сити.

Од пред 3-4 години не може да се прави ова, за да се направи нов купопродажен договор мора сообраќајната да гласи на постоечкиот сопственик, нотарите веќе не смеат да заверуваат договор врз договор.
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6862
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #18899 на: 14 Јануари 2026, 09:49:33 am »
Јас ја купив мојата кола со 3 купопродажни договори, препродавачот се убедуваше со нотарот дека препродал кола со 9 купопродажни договори. Нотарот јасно кажа дека не смее повеќе да се прави купопродажен врз купопродажен договор и дека прави исклучок.