(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Јас пак си стојам на кажаното во темата за гуми кое беше префрлено тука. Има правилен и погрешен начин како да се иселиш од Македонија. На погрешниот начин си предавник.
Предавник?
Кога, всушност, некој се предал за да биде предавник? И што направил за да заслужи некој да го нарече така? Тоа што ќе речат комшиите, колегите или дури и фамилијата, и ќе ти кројат мислење – дали навистина треба да те засега?
Секој човек знае што му треба во животот и ја носи својата свесност за тоа. Ако поедноставиме по „јапонски метод“ – си се родил, дај Боже да живееш 100 години. Ти како единка имаш пред себе пат од тие 100 години, и ти сам си го кроиш. Свесноста за животот е токму тоа – дека не си вечен.
Сега, дали си роден во Прилеп, Коњари, Дебар Маало, а живееш во Германија, Австралија или Канада – тоа е твој избор. Отишол си за подобро, за себе и за своето семејство. Ако тука работиш за 20.000 денари 25 дена, таму за исто толку време можеш да заработиш 200.000 денари. Ако овде имаш кредит од 50.000 евра што ќе го враќаш 35 години, таму можеби ќе го исплатиш за 5. Тоа не е предавство. Напротив – секого го охрабрувам да тргне по својот пат.
Јас, на пример, од дете имав желба за Канада – инспириран од филмови, климата, јаворот на знамето... И знам дека ако најдам начин да одам, нема да се вратам. Секако, со годините доаѓаат емоции и не секој лесно се справува со одлуките. Но, да бидеме искрени – нашето балканско, па и македонско поднебје, отсекогаш било печалбарско. Ако не сме оделе на страна, ќе бевме во беда и сиромаштија без преседан.
Убаво е што вложуваме овде, што маката ја гледаме од таму. Но човек не треба да очајува, ниту да се мери според нечија неоствареност. И уште помалку да осудува. Јас никого не осудувам. Ако некој вели „предавник си“, „си ова, си она“ – тој човек не е виновен. Виновно е неговото размислување, до каде го довело.
Јас немам проблем со ниту еден човек на оваа планета, затоа што во секого гледам не лошото, туку најдоброто. Со тоа му помагаш и тој да стане подобар. Осуди го гревот, но не грешникот.
Мислам дека бев доволно јасен.
Cheers, Luki.