Автор Тема: Рекла Казала IV: Fury Road  (Прочитано 2117526 пати)

Отсутен Memento

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 48
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #17745 на: 01 Март 2025, 18:34:11 pm »
Точно, и тоа што го пуштаат е со краток рок на траење дека крадат асфалт и тампон до последен милиметар. Најлошо нешто што можеш да бидеш во државава е идеалист.

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2836
  • Слобода или смрт
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #17746 на: 01 Март 2025, 18:42:49 pm »
Нема сончев град нема пат. Што тука не е јасно?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43905
  • Il Moderatore
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #17747 на: 01 Март 2025, 18:45:39 pm »
Само со годиниве некако не се согласувам, не се последниве 7-8... последниве 30-35 години се проблемите.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Memento

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 48
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #17748 на: 01 Март 2025, 18:54:15 pm »
Само со годиниве некако не се согласувам, не се последниве 7-8... последниве 30-35 години се проблемите.

Во право си, повеќе мислев на јавниот транспорт кога ги наведов годините. Автобусите се колку - 13 години стари? А веќе се самозапалуваат и им испаѓаат тркала заради несоодветно одржување.

Присутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2336
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #17749 на: 01 Март 2025, 19:01:06 pm »
-Кон никого не се однесува туку мој став ,Ако во Македонија си ја сакаш татковината местото,културата обичаите и се останато си предавник или па вмро,тмро,груевисти и етц ајде бе требало комуњари да удрат темели на основоположје на државата па нив да ги величаме еве ке ви кажам тие комуњари и во 20ти,30,40,50… ги предавале Македонците или против Македоншниа и се македонски што е  дури ги друкале партизаните има уште живи луѓе сведоци еден од нив беше мојот дедо кој пекол преживеал и ми раскажувал.Политика не постои во МКД но јас едно ке кажам ни левица ни десница вакво зло како што беше 7 години никогаш на Македонија од памти век.Типичен пример ви е зеленски.. толку кој има 2 акал у глава ке свати.Таква политичко уредување како сдс не треба воопшто ни фа постои ни да се дискутира крај на приказната луѓето “симпатизери” не се криви се знае кај змијата се удира. One love 🇲🇰 🇲🇰

Отсутен Makedons

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 292
  • Macedonia
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #17750 на: 01 Март 2025, 19:05:42 pm »
Комуњарите се најканцерогеното ткиво во Македонија. Не дека и другиве не се канцери, има многу недржавотворно ткиво кај нас, ама тие се најметастазираната материја.



На друга тема:

Уште ли ве лажат дека колите и домаќинствата го загадуваат воздухот дури и во периоди кога не е грејна сезона?

Загадувањето од автомобилите е локално и во непосредна близина, ама не генерира толку штетни честички ниту опстојуваат во воздухот колку опасните отпадни материи што ги увезуваме, согоруваме и дишиме овде.

Цитат
МАКЕДОНИЈА БАРА ДА УВЕЗУВА ОТПАД ОД ЕУ, ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЌЕ ПРОВЕРИ ДАЛИ МОЖЕ ДА ГО УПРАВУВА НА ЗДРАВ НАЧИН

Цитат
Најголемиот дел од увозот на отпад е поврзан со земји од соседството, коишто не се дел од ЕУ, па според тоа не подлежат ниту на новите зајакнати регулативи за контрола и безбедност коишто ќе треба да стапат на сила во наредните две години.

Повеќе тони метали, катализатори, пакувања од хартија и картон, масти и масла, железо и челик, троска и метал завршиле во Македонија од земјите на Европската унија (ЕУ), но и од регионот во текот на минатата година, објави „Дојче веле“. Со постапката за увоз на неопасен материјал во 2024, во земјата пристигнале и повеќе тони пластика, катализатори, олово, стакло, алуминиум, бронза, месинг, маст и масло за јадење.

Најголемиот дел од металите се увезени од Бугарија, Косово, Србија и Швајцарија. Од Италија пристигнале 1.500 тони олово, а од Сараево 2.000 тони алуминиум. Македонска компанија од Кина увезла 5.000 тони бакар, бронза и месинг, а од Приштина во земјата влегле 1.000 тони масти и масла. Ова го покажуваат официјалната евиденција на Министерството за животна средина, во чии рамки функционира и посебен оддел за транзит, увоз и извор на неопасен отпад.

Дел од македонските фирми увезувале од земји-членки на ЕУ, но најголемиот дел од увозот сепак е поврзан со земји од соседството, коишто не се дел од Унијата, па според тоа не подлежат ниту на новите зајакнати регулативи, коишто ќе треба да стапат на сила во наредните две години. Со нив треба да се спречи илегален извоз на отпад од земјите членки на ЕУ во трети земји и да се осигура еколошко управување со увезениот отпад.

МАКЕДОНИЈА БАРА ДА УВЕЗУВА ОТПАД ОД ЕУ, ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ЌЕ ПРОВЕРИ ДАЛИ МОЖЕ ДА ГО УПРАВУВА НА ЗДРАВ НАЧИН
Македонија со години увезува многу повеќе отпад отколку што произведува. Само во периодот од 2012 до 2014, според пресметките објавени пред неколку години, во земјата биле увезени над осум милиони и 200 илјади тони отпад. Податоците на Државниот завод за статистика, пак, посочуваат дека годишно во земјата се создава комунален отпад од 856.766 тони. Годишното количество создаден комунален отпад по жител во 2022 година изнесува 467 килограми или 1.28 килограм на ден. За споредба, во 2021 година, секое лице кое живее во ЕУ генерирало 36,1 килограм отпад од пластична амбалажа. Обемот на генериран отпад од пластична амбалажа по жител се зголемил за околу 29% помеѓу 2010 и 2021 година.

Во услови на енормна загаденост на воздухот во земјата, стравувањата од тоа што се согорува во индустриските капацитети и дали инспекторите навреме ги детектираат евентуалните прекршувања на законите, во јавноста бурни реакции предизвика информацијата дека Македонија е меѓу 24 земји коишто од Европската комисија побарале да увезуваат отпад од ЕУ, и по стапувањето на новата регулатива, со која се воведуваат построги контроли и правила.

Присутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10171
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #17751 на: 07 Март 2025, 10:13:45 am »
Истите маки секаде.


Присутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2336
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #17752 на: 07 Март 2025, 13:17:45 pm »
👋

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29777
    • CARclub.mk
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #17753 на: денес во 10:04:46 »
@Jimny - Оправи се со пораките. Ова ти е последна опомена, и мене ми скурчи да ти бришам милион глупости секој ден. Следниот пат ќе добиеш 7-дневен бан.

Присутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2336
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #17754 на: денес во 11:40:45 »
@Jimny - Оправи се со пораките. Ова ти е последна опомена, и мене ми скурчи да ти бришам милион глупости секој ден. Следниот пат ќе добиеш 7-дневен бан.

Друже слободно избриши ми го профилот твој избор исто ми се фаќа, нема потреба да ми кажуваш ке ти ова она ке ти она го ахед додуше имаш и тоа право слободна дигиталзиација виртулност може се да се каже кој што сака и- како  ке впие негова одговорност.Слободно избриши ме  ти си го создал форумот ти го одржуваш од тебе зависи ти си газда.Сакаш да банираш/трајно да избришеш слободно ти се прашуваш не јас.Мене ми е се  исто  најдобро би било да има програм кој каде сите исти ке бидиме. ;)