Еј упм, денес ми падна самодовербата во познавањето на возилата...
Бев да гледам еден Леон од 2013 со 193.000км, 1.6тди ДСГ, внатре без грепка, цена 10.500 на оглас, увезен од Финска да ти бил. Си викам цената е таа поради можност од корозија, оти нели снегови, сол, хемија итн... Моторот не се слуша, менувачот путер мазен, кикдаун инстантен, не можам ништо да најдам освен оштетувања од камчиња на хауба, по некоја гребаница наоколу, ентериер како нов... Си викам, ако е се вака како што изгледа и да има корозија, ќе се среди. Е сега, ајде да проверам кар вертикал да не ме јаде јанѕа. 397.000км во јуни годинава!!! ММЕ, по колку имаат оние лајна што од километар знаеш дека магичната бројка од ~190ккм одамна е замината...
Sent from my SM-S928B using Tapatalk