Автор Тема: Рекла Казала IV: Fury Road  (Прочитано 1798634 пати)

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3254
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #14670 на: 23 Август 2023, 17:02:33 pm »
Само пиштолче, се добива дозвола, само треба да си психички спремен кога ќе тргнеш по тој пат.
Крај краева, за ловечка пушка секако ќе ти дадат, полнење патроните со сол, поинтересно е него да го утепаш, башка нема да го лежиш. 😀

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4286
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #14671 на: 23 Август 2023, 17:05:53 pm »
Сето тоа е во ред, сирената кога ќе почнат да ја отвораат почнува да свири и треба време за вадење.
Но што правиме со блокаторите на сигнал?..

Една фирма за обезбедување во МК има своја безжична мрежа (не е GSM) + додаваш IP модул кој е побрз од радио дојавата. Епа ако и радио врската и интернетот го блокираат у исто време секоја чест. Уствари така ако тргнеш треба да живееш во миниран сеф.

Куче што лае не каса, скриј си ноже во секоја соба па нека влезат. Ќе ти кажев побарај дозвола за пиштол ама тоа е mission impossoble да дадат.
Искрено не знаев дека и во Македонија има таква агенција.
Јас сум куче што лае, но не каса ако зборуваме искрено. Осомничениот е подруг, да не навлегувам во тоа.
Од блиски луѓе добив информација дека 99% се тие и може да се докаже, до вечер ќе добијам точна информација и истрагата е во тек. Бил фатен пред некој месец за упад во стан во друга населба, односно виден на камера и го признал делото. Штета шро сме блиски роднини, до кае светов заминат..
Едит:Нека заврши истрагава по некој ден правам едит на постов и јавно ќе биди објавен со сите негови тешки и разбојнички кражби тука и во странство, како и во соседните држави каде го апсат специјалци  исто денски ;)
Едит2: Еве неколку интересни видеа, можеби ќе ви се најдат.
Првиов цилиндар и не е толку скап, а е испробуван доста од lock picker-и и човеков е про во таа област, може да погледнете неколку видеа и да забележите дека сите видеа му се кратки (5-8 мин макс), а ова видео е малку подолго и во коментари има напишано дека толку добра заштита досега не сретнал.
Вториот е стандардниот на новиве "сигурносни" врати и може да се види како лесно се отвора.
« Последно менување: 23 Август 2023, 19:49:58 pm nestor04 »

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1473
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #14672 на: 23 Август 2023, 22:48:51 pm »
Имаше некоја анегдота на времето, можеби и вистина било, не знам...
Имено, на смем за безбедност компанија што произведува аларми за автомобили, за 1 и пол час го монтира нивниот најнов и најдобар аларм. Влегуваат профи дечки да го тестираат, половина час ја отвараат колата без да се вклучи алармот...

Од професионалец никој не може да се скрие ако се намерачи ;)

Sent from my SM-S908E using Tapatalk


Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8143
  • Малерозен дрводарец
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #14673 на: 23 Август 2023, 23:32:51 pm »
Тие професионалци ги нема кај нас, ама за волја на вистината - има доста појаки...

Пази сад, земаат се облекуваат како молери и хараат по поновиве згради каде пола и повеќе станови се невселени и никој не сумња во нив...

Потлачени!

Џаба радите, нече вас платити!

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4286
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #14674 на: 24 Август 2023, 00:25:36 am »
Сѐ е јасно само што треба малку безбедноста во градов да се зголеми малку. После толку пријави, закани и 5 условни казни на едниот, а другиот со дебело досие ништо државата не презема. Кога почнал да прави инциденти по роднини немам коментар. Пред 2 недели искршил покуќнина на роднина (поради пари) која го прибра да живее кај него/неа.. а и истото ми се потврди по некој час кога без срам/страв беше паркиран пред зградата со туѓо возило и кога излегов избега... исто така зема и рент а кар и ги менува на неколку дена возилата кои најчесто се со скопски таблици со цел да не биде препознаен во вршењето на нелегални работи...
Нека намалат малце со опуштеноста, после толку лежења во затвор во Србија, Германија, Македонија(да не правиме муабет) паметот не им иди.
Барем овие работи и закани точно од тој човек ги имав пријавено во полициска станица, закана за напад против тој роднина, закана дека ќе се изврши кражба во мојот или неговиот стан, точно такви закани добив и дека од тој човек/роднина ќе бидат извршени. Зошто институциите молчат во вукојебинава? До кога? Додека не почнам да враќам зло за зло и да правам штета по имот и возила? Никогаш на таков начин не би се одмаздил, на кукавички и пе*ерски начин, палење на возила, кражби, праќање на сомнителни лица да вршат напади и закани против други лица. Или си маж и одиш директно лице во лице или седи си мирно на га*от.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8143
  • Малерозен дрводарец
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #14675 на: 24 Август 2023, 00:30:46 am »
Чичин, да не одам далеку назад во историја, еве ти пример од пред саат и нешто...

Седам така, си работам, дува вентилаторов илјадарка што го купив, свири Принц - уживанција!

Нешто после 23:00 распалуваат огномет на едно 200 метри од мене, веднаш по снемувањето петарди некој вади пиштол и празни шаржер 3 пати до крај...

Каков закон, какве пичке материне...
Потлачени!

Џаба радите, нече вас платити!

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4286
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #14676 на: 24 Август 2023, 00:37:50 am »
Истото се случува секоја вечер кај мене, бркотници со коли, полиција, пукање секоја вечер, а се работи за зона во која има училиште, детска градинка, спортски игралишта и паркови и се наоѓа 800 метри од центар и мислиш дека си во безбедна зона, патем поради локацијата плаќаш повисок данок на имот и цените за куќи/станови се доста повисоки.
То е то чичин, да сме ние здрави и живи, нашето ЧЕ си дојди.

Туку ти чичин "loopz" беше?
Не сум активен на форумов па не следам промени.

Едит:Чичини да не пишувам дупли пост, како може да ги заштитам задните крила од оштетување?
Се работи за поширок бандаж и секојдневно до работа возам четворица од кои едниот е 120кг и багажникот ми е товарен, плинската боца полна, резервоарот за бензин полн и слично. Амортизерите се некоја година стари и на технички ми кажаа дека се перфектни, тропања нема, по тротоари можам и со втора да ја качам(сакам да кажам дека не фаќа), Ја возам на релација Прилеп-Битола и на мостовите нормално е да потскокни со која брзина и да возам бидејќи има некој сантим од крило до гума, кој возел по тој пат знае(стариот пат). Кога колата "потскокнува" крилото удира на крајниот дел од гумата бидејќи бандажот е поширок за разлика од челичните(зимскиот сет).
« Последно менување: 24 Август 2023, 00:48:53 am nestor04 »

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8143
  • Малерозен дрводарец
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #14677 на: 24 Август 2023, 00:43:12 am »
loopz е мртов, да живее Nandor.

Ти од Прилепа беше, така?

Мој цимер 2002-ра ова истово го зборуваше сега што го кажуваш...
Верувам дека понови оружја имаат денес, до душа... :)

А, одамна не живее таму цимеров...
Чисто се сомневам дека оди и на гости. :)))
Потлачени!

Џаба радите, нече вас платити!

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4286
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #14678 на: 24 Август 2023, 00:54:13 am »
Да ми живееш чичин.
Да, од градот под кулите.
Поздрав до тебе и до другарот.
Цитат
Кога Плетварот го слегуваш, застани, стој. Мисли што ќе работиш, во градот си херој.
;)

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2552
  • Слобода или смрт
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #14679 на: 24 Август 2023, 08:24:43 am »
loopz е мртов, да живее Nandor.

Ти од Прилепа беше, така?

Мој цимер 2002-ра ова истово го зборуваше сега што го кажуваш...
Верувам дека понови оружја имаат денес, до душа... :)

А, одамна не живее таму цимеров...
Чисто се сомневам дека оди и на гости. :)))

Македонија е мртва, да живее Северна.

Бар уште некоја година дур не се подели.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10127
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #14680 на: 24 Август 2023, 08:52:32 am »
loopz е мртов, да живее Nandor.

Ти од Прилепа беше, така?

Мој цимер 2002-ра ова истово го зборуваше сега што го кажуваш...
Верувам дека понови оружја имаат денес, до душа... :)

А, одамна не живее таму цимеров...
Чисто се сомневам дека оди и на гости. :)))

Македонија е мртва, да живее Северна.

Бар уште некоја година дур не се подели.
На толку пеење делетејапарчетеја, некој сфатил сериозно...

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4286
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #14681 на: 24 Август 2023, 10:38:06 am »
loopz е мртов, да живее Nandor.

Ти од Прилепа беше, така?

Мој цимер 2002-ра ова истово го зборуваше сега што го кажуваш...
Верувам дека понови оружја имаат денес, до душа... :)

А, одамна не живее таму цимеров...
Чисто се сомневам дека оди и на гости. :)))

Македонија е мртва, да живее Северна.

Бар уште некоја година дур не се подели.
Кими што толку револт кон државава?
Знам дека имаш бугарски и имаш спомнато, и мене ми извадоја уште од 2010, па еве не мислам така...

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13601
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #14682 на: 24 Август 2023, 10:48:07 am »
Кога ќе дојди ВМРО на власт пак ќе ја сака.

Отсутен R2D2

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 430
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #14683 на: 24 Август 2023, 11:02:48 am »
Амортизерите се некоја година стари и на технички ми кажаа дека се перфектни, тропања нема,

Kај мене имав сличен случај. Амортизери на тест супер бројки вадеа, а на пат, десниот при поголема вдлабнатина на патот удираше до долу... после некое време протече... кога ги менував, испадна дека е искривен амортизерот, претпоставувам дека и затоа покажувал добри бројки при тестирање... плус скршен и држачот за амортизерот.

А кога ја земав колата, дојде со несоодветна бројка на гуми (повисоки), и исто како кај тебе, на процепи, вдлабнатини., кога бев фул товарен. маваа гумите на пластиката од долу. Потоа земав соодветни бројка на гуми, според производител и нормално проблемот исчезна.

Кај тебе, дали имаш и дистанцери? Со поширок бандаж, ако е возможно да намалиш висина на гума или да си ги смениш за соодветни бандаши... или да ја поткрениш колата  ;)
Шкода Октавиа 1.5 ТСИ, (А8 2020) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,24484.0.html
Mercedes A160 (W168) http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2269.0.html

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2552
  • Слобода или смрт
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #14684 на: 24 Август 2023, 12:02:56 pm »
loopz е мртов, да живее Nandor.

Ти од Прилепа беше, така?

Мој цимер 2002-ра ова истово го зборуваше сега што го кажуваш...
Верувам дека понови оружја имаат денес, до душа... :)

А, одамна не живее таму цимеров...
Чисто се сомневам дека оди и на гости. :)))

Македонија е мртва, да живее Северна.

Бар уште некоја година дур не се подели.
Кими што толку револт кон државава?
Знам дека имаш бугарски и имаш спомнато, и мене ми извадоја уште од 2010, па еве не мислам така...

Каква црна држава. Нема држава ова е територија која уште не е распределена. И не слушај дека ми фали дпмне итн. Никогаш не сум бил партиски обоен или член на некоја партија.