Сето тоа е во ред, сирената кога ќе почнат да ја отвораат почнува да свири и треба време за вадење.
Но што правиме со блокаторите на сигнал?
Разговарав со газдата каде одев на пракса додека учев средно училиште и монтиравме аларми, камери, соларни за производство на струја, лизгачки порти со електромотор и слично. Го прашав што правиме со блокаторите на сигнал и крена раменици...
Ми рече само дека од арамија заштита нема и дека алармот во одредени случаи успешно помага, нормално агенцијата за осигурување е заслужна за таа брза реакција, но механичката заштита пред сѐ треба да биде побезбедна од алармот.
А и крај краева добив закана дека и покрај алармот ќе влезат и ќе ме нападнат, така да само си "правам Бајрам со умот (без навреди)". Може да се затвори темата, фала за одговорите и советите, ќе ги разгледам сите опции.