Автор Тема: Рекла Казала IV: Fury Road  (Прочитано 1997695 пати)

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8606
  • Малерозен дрводарец
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12165 на: 29 Декември 2021, 16:05:19 pm »
Процедурално, че ве мољам:

Да не се споредува старец, моментално со 60-70 години, дали возел стоќец или тристач на времето.

Никој, апсолутно никој, не може да гарантира дека кога сите тие исти луѓе би биле по 20 години денес, нема да сакаат џип или Јагуар.

Само конклузата ја...
Многу зборува - ништо не кажува.
Ветер од северен правец.
Раскажува детално за комплетно неважни работи.
На кратко, а богами и на Македонски: Никој.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12166 на: 29 Декември 2021, 16:18:22 pm »
И ова со младиве дека трошеле 300 евра на месец и имале нови ајфони сите. Јас тие што ги гледам трошат по 50 денари на кисела вода ако седнат воопшто во кафич, а не се низ паркови. И немаат нови телефони. :)

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10405
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12167 на: 29 Декември 2021, 17:13:35 pm »
да има поќе, и поќе би трошел. Да му ја проживеа, па после ако сака потоп нека има.
До чоеко е, има ене ги на работа 3 дена до пред пензија рмбаат санки ќе снема работа, ја су библиски чоек и го живеа секој ден ко последен. А порано многу и су штедел и су работел и све - џабе ако не видиш лезет. 

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7050
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12168 на: 29 Декември 2021, 17:29:55 pm »
Не е проблем инвестиција во стан, нормално дека прво треба да се среди станбено прашање па после луксузи ако се може. Проблемот се цените и побарувачката, цените ги пумпаат, денес м2 1050, за 3 години 1200, следните 3 1500, и за 10 години 2000 евра м2. Да бевме некој град ау бау да сфатам, ама градче како Скопје со милион жители, пренаселеност, се бутаат паркови за да се гради згради, и шлагот ти го продаваат 2,3 пати поскапо од што вреди.

После идеме загаден воздух, како да го решиме проблемот, нема ветре, се се затвори, нема паркинг место.

Да се развиваше градот плански, ниту цените за м2 ќе беа скапи, ниту ќе имаше проблеми со воздух, ама веројатно сите сакаат да живеат на 3,4кмод центар, да исплаќаат стан додека им стигне првата пензија, и да ги носат децата на водно и вон градот за да подишеле малку воздух... Go figure

Да се развиваше градот а пред сѐ државата плански денес ќе зборевме за поголеми градови низ МК како Скопје, Куманово, Штип, Струмица, Охрид, Тетово, Велес, кои меѓусебно ќе беа поврзани со железница/автопати.
Битола намерно не го спомнав бидејќи за мене тоа е град со најдолг стаж. Скопје реално расте експоненцијално по земјотресот.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13855
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12169 на: 29 Декември 2021, 18:48:29 pm »
Сите знаат дека подобро е да плаќаш месечна рата и да си на свое, отколку да плаќаш ќирија.

Проблемот е во два/три моменти:

1) Учество - за кое некаде е (барем беше) 30% од цената на станот
2) Кредитоспособен да си ти и твоите ко-кредитобаратели / жиранти. Тука имате 1 000 000 услови.
3) Како ќе ви ја пресметаат хипотеката на станот (особено за помаливе градови - Скопје не е проблем горе/долу). Не секаде ви ја оценуваат хипотеката по реалната пазарна вредност.

Да речеме порано беше околу 60-65 000 евра за пристоен стан со две спални Аеродром/Ново Лисиче/Карпош некаде.

Што значи треба да имате обезбедно 20 000 евра ќеш да го купите станот.

Колку време ќе ви треба да соберете 20 000 евра, ако ете двата (тогаш) сте земале 500 евра плата? Да не навлегувам во тие трошоци, не дај боже да живеете под кирија.

Тоа „нива ќе продадам ќе купам стан во Скопје“, оддамна е изумрена работа, бидејќи сеа никој не купува нива, сите земаат од државата земјиште на (речиси) трајно користење, така што нивите ви се затворени пари.

Сега со новиве цени од 1300-1500 евра квадрат, па макар и 500 евра плата да имаш, како ќе соберете за учество не знам. Да не правиме муабет дека се друго е поскапено, во однос на трошоци за живеење.

Да се надоврзам на постот на Filip MK, за нашите родители.

1) Нашите родители во 90% од слуачите земаа општествено станови, за некоја смешна сума од 4000-5000 марки.
2) Возеа 101, ама 101 тогаш беше како денешен Citroen C4 - НОВ! Купен без камата преку синдикат.
3) Одеа на одмор не само Крани/Отешево, туку одеа на Јадран (Наше море) бесплатно платено од синдикат. Си отишол ти до Охрид платено од фирма, а не па на Јадран?
4) Образвоание бесплатно - квалитетно
5) Здравство бесплатно - квалитетно
6) Работата загарантирана, најчесто за една позиција по 3 вработени - буквално нишај врата земај плата.
7) Квалитетна облека, гарнитура по дома по највисок стандард што ден денес служи, а не да менуваш на секои 5 години и да влегуваш во трошок
8) Храна со одличен квалитет, а не клукана со хормони, соја и шо ти не.

90-тите, беше друг филм и ние го пропативме тоа така што не го рачунам тој дел.

НИЕ сме најзаебаната генерација од сите. Под ние, мислам на оние 1975-1990 година родени, бидејќи секогаш сме биле на фронтот на сите најзаебани општествени промени, токму во моментот кога треба да цутаме и да ја превземеме генерацијата што раководи со процесите.
На крај или се исселивме од државата или глава не можеме да кренеме ниту па сме виделе живот - а не дека таму кај што се исселивме, некаков живот гледаме како прва генерација емигранти.


За споредба на „запад“ тој процес иако поинаку горе долу продолжува да се практикува.

Еве нешто амерички систем - имам другар што моментално е Чикаго и пред некој ден праевме една груба анализа:

- Се раѓаш
- Живееш со твоите до 18 години
1) Одиш на колеџ - си наоѓаш part time работа и student loan - Ако имаш среќа мама/тато да собирале пари откако си се родил - тогаш си на коњ.
2) Дур си на колеџ - шеташ по светот од џепарацот
3) Дипломираш - се вработуваш во некоја фирмичка по професија
4) За две години пркнуваш на некое ниво и земаш добра плата (околу 60000 долари просек нето т.е 5000 месечно). Живееш под кирија $1200, плаќаш student loan 400$, јадење пиење уште 600-700$ - со другитге 2500-3000 долари собираш пари за куќа. Просечна куќа во Америка било 300 000 долари (значи 10 месеци собираш пари за куќа)
5) Учество за куќа во Америка е 10% (додуше зависи од возрасна група ама тука е некаде)
6) Во просек месечно се плаќа 1200 долари рата за куќа на 30 години. Затоа и ќириите во просек се 1200 долари.
 

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12170 на: 29 Декември 2021, 18:55:36 pm »
Само заб да не те заболи. Или брза помош да викнеш. Или да се породи 20 минути порано бебето. Или да треба да ти поправи некој клима или централно, или да ти треба брз интернет до "куќата". Или да има HOA да те малтретира за се и сешто.

Америка за печалба, удриш-бегаш.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13855
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12171 на: 29 Декември 2021, 18:56:36 pm »
Само заб да не те заболи. Или брза помош да викнеш. Или да се породи 20 минути порано бебето. Или да треба да ти поправи некој клима или централно, или да ти треба брз интернет до "куќата". Или да има HOA да те малтретира за се и сешто.

Америка за печалба, удриш-бегаш.


Затоа не ја сакам Америка. Канада можеби, ама затоа Европа да.

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12172 на: 29 Декември 2021, 21:10:07 pm »
Процедурално, че ве мољам:

Да не се споредува старец, моментално со 60-70 години, дали возел стоќец или тристач на времето.

Никој, апсолутно никој, не може да гарантира дека кога сите тие исти луѓе би биле по 20 години денес, нема да сакаат џип или Јагуар.

Само конклузата ја...

А кај ти е јагуарот тебе?! :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен JezuzNoChill

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 995
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12173 на: 29 Декември 2021, 21:59:54 pm »
Од плата не се живее како човек во државава. Само своја фирма и недвижности е лекот. Станот што си го купил ако си дал асално учество и добра камата можеш да го издадеш и киријата да ти е поголема од кредитот.

И се фативте за 400 евра ко слеп за стап. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2021 година изнесува 28.642 денари. Ова е официјалната бројка со тоа што илјадници луѓе се пријавени како минималец на пола работно време колку да им тече стаж и здравствено. Илјадници си работат сива економија што не се пресметува во просечната плата, илјадници има што си земаат плата под маса.

400 евра се собираат да си келнер на 16 години. 1000че дневница и 200 денари бакшиш.

Ако си возрасен човек работејќи поштена работа за 400 евра гадно те заебале.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12174 на: 29 Декември 2021, 22:25:28 pm »

1) Нашите родители во 90% од слуачите земаа општествено станови, за некоја смешна сума од 4000-5000 марки.
2) Возеа 101, ама 101 тогаш беше како денешен Citroen C4 - НОВ! Купен без камата преку синдикат.
3) Одеа на одмор не само Крани/Отешево, туку одеа на Јадран (Наше море) бесплатно платено од синдикат. Си отишол ти до Охрид платено од фирма, а не па на Јадран?
4) Образвоание бесплатно - квалитетно
5) Здравство бесплатно - квалитетно
6) Работата загарантирана, најчесто за една позиција по 3 вработени - буквално нишај врата земај плата.
7) Квалитетна облека, гарнитура по дома по највисок стандард што ден денес служи, а не да менуваш на секои 5 години и да влегуваш во трошок
8) Храна со одличен квалитет, а не клукана со хормони, соја и шо ти не.
1) Си имаше списоци со ранг листи, 90% градеа дивоградби.
4000/5000 марки за стан ако пополнувале анкетен лист.
2) Преку синдикат се земаа свински полутки, брашна, видеорекордеи и сл.
3) Од каде бесплатно, имаше само поволности преку синдикат
4) Сите материјали, учебници, лектири, кецели се купуваа, ништо немаше бесплатно - не баш квалитетно, но поквалитетно од денес
5) За здравството се сложувам
6) Ако тогаш имало 3 за една позиција, денес има 10
Од друга страна, во приватниот сектор 3 позиции за еден вработен
7) Фармерки Карера, Вранглер, Клуб77 и Левис :)
Баш пред еден месец поместував еден шифоњер кај старите и видов отпозади залепена етикета (декларација) за помината (извршена) производствена контрола (Треска)
8- Којзнае што јадеме денес кога едвај чекам Грција или Србија за да осетам мирис и вкус на свинско :)
« Последно менување: 29 Декември 2021, 22:32:27 pm Mikius »

Отсутен Vwlover

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 579
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12175 на: 29 Декември 2021, 22:38:50 pm »
Ај нека пише некој ПП што може да огласува на IT фор.ум

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43651
  • Il Moderatore
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12176 на: 29 Декември 2021, 23:54:15 pm »
Интересен муабет за цените на становите:


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12177 на: 30 Декември 2021, 00:54:48 am »
Тежок муабет :-X

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13855
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12178 на: 30 Декември 2021, 02:08:28 am »
@Mikius

1)Какви списоци бе. Влегуваа во станови на сила и оди извади ги. First come first served. Менуваа брави.
2) Имав Fiat 1300, бил земен на рати преку синдикат во 1969 година. Се правеле списоци и со допис до Завод Црвена Застава колку возила треба и на воз испорака.
Боја каква ќе ти се падне. Се чекаа Заставите на перон и со рампи ги спуштаа.
Ако сакаш убава боја или некоја делукс верзија, специјалка се одело Крагуевац.
Аутомакедонија исто беше вклучена во нарачките. Мислам ги имам документите се уште по фиоки некаде.
3) Бесплатно беше бе. Тривијални суми беа тоа. Регрес не знам што дрн дрн К15. Ден денес е така во ЕЛЕМ хотелите. Као 600-700 денари фул пансион во Хотел Молика or something.
4) Лектири се изнајмуваа од библиотека или на старо 😅😅😅
..
7) РИФЛЕ 😅😅😅

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #12179 на: 30 Декември 2021, 03:15:25 am »
Ај нека пише некој ПП што може да огласува на IT фор.ум

Ако ти е за некој да огласи за тебе против правилата е и ќе добие бан тој што ќе го направи за тебе тоа.