Сите знаат дека подобро е да плаќаш месечна рата и да си на свое, отколку да плаќаш ќирија.
Проблемот е во два/три моменти:
1) Учество - за кое некаде е (барем беше) 30% од цената на станот
2) Кредитоспособен да си ти и твоите ко-кредитобаратели / жиранти. Тука имате 1 000 000 услови.
3) Како ќе ви ја пресметаат хипотеката на станот (особено за помаливе градови - Скопје не е проблем горе/долу). Не секаде ви ја оценуваат хипотеката по реалната пазарна вредност.
Да речеме порано беше околу 60-65 000 евра за пристоен стан со две спални Аеродром/Ново Лисиче/Карпош некаде.
Што значи треба да имате обезбедно 20 000 евра ќеш да го купите станот.
Колку време ќе ви треба да соберете 20 000 евра, ако ете двата (тогаш) сте земале 500 евра плата? Да не навлегувам во тие трошоци, не дај боже да живеете под кирија.
Тоа „нива ќе продадам ќе купам стан во Скопје“, оддамна е изумрена работа, бидејќи сеа никој не купува нива, сите земаат од државата земјиште на (речиси) трајно користење, така што нивите ви се затворени пари.
Сега со новиве цени од 1300-1500 евра квадрат, па макар и 500 евра плата да имаш, како ќе соберете за учество не знам. Да не правиме муабет дека се друго е поскапено, во однос на трошоци за живеење.
Да се надоврзам на постот на Filip MK, за нашите родители.
1) Нашите родители во 90% од слуачите земаа општествено станови, за некоја смешна сума од 4000-5000 марки.
2) Возеа 101, ама 101 тогаш беше како денешен Citroen C4 - НОВ! Купен без камата преку синдикат.
3) Одеа на одмор не само Крани/Отешево, туку одеа на Јадран (Наше море) бесплатно платено од синдикат. Си отишол ти до Охрид платено од фирма, а не па на Јадран?
4) Образвоание бесплатно - квалитетно
5) Здравство бесплатно - квалитетно
6) Работата загарантирана, најчесто за една позиција по 3 вработени - буквално нишај врата земај плата.
7) Квалитетна облека, гарнитура по дома по највисок стандард што ден денес служи, а не да менуваш на секои 5 години и да влегуваш во трошок
Храна со одличен квалитет, а не клукана со хормони, соја и шо ти не.
90-тите, беше друг филм и ние го пропативме тоа така што не го рачунам тој дел.
НИЕ сме најзаебаната генерација од сите. Под ние, мислам на оние 1975-1990 година родени, бидејќи секогаш сме биле на фронтот на сите најзаебани општествени промени, токму во моментот кога треба да цутаме и да ја превземеме генерацијата што раководи со процесите.
На крај или се исселивме од државата или глава не можеме да кренеме ниту па сме виделе живот - а не дека таму кај што се исселивме, некаков живот гледаме како прва генерација емигранти.
За споредба на „запад“ тој процес иако поинаку горе долу продолжува да се практикува.
Еве нешто амерички систем - имам другар што моментално е Чикаго и пред некој ден праевме една груба анализа:
- Се раѓаш
- Живееш со твоите до 18 години
1) Одиш на колеџ - си наоѓаш part time работа и student loan - Ако имаш среќа мама/тато да собирале пари откако си се родил - тогаш си на коњ.
2) Дур си на колеџ - шеташ по светот од џепарацот
3) Дипломираш - се вработуваш во некоја фирмичка по професија
4) За две години пркнуваш на некое ниво и земаш добра плата (околу 60000 долари просек нето т.е 5000 месечно). Живееш под кирија $1200, плаќаш student loan 400$, јадење пиење уште 600-700$ - со другитге 2500-3000 долари собираш пари за куќа. Просечна куќа во Америка било 300 000 долари (значи 10 месеци собираш пари за куќа)
5) Учество за куќа во Америка е 10% (додуше зависи од возрасна група ама тука е некаде)
6) Во просек месечно се плаќа 1200 долари рата за куќа на 30 години. Затоа и ќириите во просек се 1200 долари.