Читам, картичките за патарина што се даваат на србите ќе важеле до 15 август.
Прво, зарем нема да важи за враќање ако некој ја добил на 14 август при влез?
Нели ќе важела и ќе можела да се користи и понатаму доколку се уплатат пари на неа.
Второ, нели кажуваа дека картичките што се даваат всушност располагаат со соодветна сума пари адекватна на трошокот за патарините.
Што ќе се случи со неискористените средства од картичките по 15 август, ако навистина престанат да "важат".
Или, како и секоја работа кај нас, непрецизно се истакнуваат нештата.
Пологично би било да се каже дека картичките ќе се доделуваат до 15 август.