Нечинат улиците пред се заради лошата подлога. Многу помалку заради центиметрите асфалт. Патот е подлогата (што многумина не го перципираат), а асфалтот е само целофан за да не ја измие дожд таа подлога.
Со други зборови зошто центиметрите асфалт се небитни. На лоша подлога и 3цм, и 9цм, и 14цм, и 19цм и 27цм, и 33цм, и 58цм асфалт нема да има разлика. Бидејќи подлогата на места ќе пропадне и колку и да има асфалт врз неа (асфалтот не е структурен дел на патот) ќе пропадне и тој. И ќе се искрши и ќе испука.
Од друга страна добра подлога со 3цм асфалт ќе трае самата со декади. Ако се санира секој месец со течен катран каде што е напукнат ќе трае со милениуми тој 3цм. Најинтересното кај асфалт е што е единствен медиум што се рециклира над 100%. Изгреби, стопи, полиј го. Ама неможе тоа ако подлогата не е добра.
Втора работа е што немаме комбе за корекции со битумен да вртат 24/7. Ефтинија жива ама треба да ти текне. И сите пукнатини да се санираат брзо. И ќе трае 100 години секој асфалт. Еден пикап и прскалка рачна и толку.



П.с. еве како изгледа пат. Асфалтот е многу мал процент од него.
