Утре ако не успееш во животот, тоа е лично твоја кривица, а не дека си роден у вукојебина без морални критериуми, затворен со визи од сите страни. Требало да се снајдеш.
Ако си дебел, не е затоа што спортски центри или игралишта ти ги замениле со зградурини и кладилници, а цената на овошјето е троструко поскапа од цена на џанк фуд.
Сам си си крив. Требало да се снајдеш.
Ако умреш бидејќи немаш пари за лекови, тоа не е дека јавното здравство е комедија. Требало сам да се снајдеш и да заработиш за лекарства на приватно. Клошар.
Кога ќе ти исклучат струја поради неплатени сметки, ти си лузерот кој неможе да плати струја, а не дека државата ти ја шитнала електродистрибуција на приватна компанија па сега те ренда како сака.
Сето тоа во рамки на потрошувачко општество базирано на конкуренција...бидејќи за капитализмот, солидарноста е for pussies.
Дај линк...