@Deni секако дека подлогата е "костурот" на добар пат. Само би дополнил, имајќи предвид што се случи со обиколница во 2016, дека и дренажата е мн важна за докготрајност.
@економските теории
Клабери, тоа е многу покомплексна тема за дискусии и секако не треба да се земе здраво за готово некоја теорија преку неколку примери за функционирање.
Тоа што функционира кај Скандинавските земји, не би можело да функционира во САД и сл многу е различно земја од 10 милиони и 350 милиони, територија од 300к кв2км и континент.
Сведоци сте дека реално ниту една од економските политики не функционира баш. Во САД 0.5% имаат прекумерно богатство. Во социјализам/комунизам никогаш не смееш ти да си попаметен од шефот, таму моќта на власта е богатството, па преку делење државни ресурси се прави класна разлика.
Јас лично не сметам дека сите треба да сме еднакви во капитал, но сметам дема сите треба дс имаме исполнето основни животни потреби. Верувам дека ќе се сложите дека секое семејство што има некој член со посебни потреби, самохран родител, вдовец/ица, хронични болести, постар член што не може да се грижи за себе, е во многу поразлична ситиација отколку останатите. Сетете се само на мајката и синот од Велес. Никаква реакција од државни служби за помош. Тие не можат еднакво да пристапат кон пазарот, децата на родителите со ниски примања тешко ќе најдат средства за факултет без разлика колку се талентирани. Децата на богатите секогаш ќе бидат во предност.
Оваа ситуација оневозможува талентот и дарбата за нови иновации, научници итн да се покаже.
Затоа државата преку регулирање во даноците, треба да овозможи да јазот не е толку голем помеѓу групите. Нормално, сите би се запрашале чекај бе, зошто јас да и олаќам повеќе данок на државата, кој им е крив што тие луѓе не можат да успеат во животот?!?
За мене секогаш ова прашање се одговара со контрапрашање:
1. Дали би сакале, секогаш кога ќе излезете од вашата хациенда, да мора телохранител да има покрај вас?
2. Дали би сакале, секогаш некој да сака да ви наштети бидејќи тој нема за храна а вие имате сѐ?
3. Дали би сакале фавели околу вас?
4. Дали би сакале лоши улици, патишта, школство, здравство, полиција, армија?
Итн
Али на крај, секогаш државата заебува работа, преку корумпирани политичари, партиски вработувања итн :/