Не можам да проценам дали е сериозен смоле 
Инаку нема поента да мора да поседуваш паркинг место, има многу луѓе што не возат.
Споредбени тестови нешто има?
Сериозен сум, знам дека е сива зона и многу луѓе не веруваат, не ги напаѓам ниту ќе пробам да ги убедам, секој има право да си верува во што сака.
Мислам дека има 2 марки на пирамиди во МК, едната се продава во Скопјанка, другата не знам каде.
Споредбени тестови нешто има?
Не знам, немам читано. Моите имаат пријател што ги осеќа овие работи (како не ме прашувај), не го работи ова воопшто - не зима пари ниту се рекламира и он ги упати. Потоа друг дојде што мереше со стапчињата и тоа што виси и ги потврди местата каде првиов кажа што има.
Фенг шуи воопшто не е глупост, со овие водиве и други пропратни работи има некоја блага поврзаност со него.
И не, фенг шуи не е да го ставиш троседот на таван и собата да ја обоиш во ненормална боја како што и јас мислев кога немав ништо прочитано ни видено, промените може да се суптилни но за тие што веруваат во него се делотвнорни (нормално, ова е субјективно). Најчесто се ставаат некои мали кристали и сл. по ќошеви од соби, и со секоја нова лунарна година се преместуваат или заменуваат со други, а не се скапи. Истото важи и за мали метални фигурчки. Повеќето од овие работи кај нас ги има, а што нема има во соседството или на Али (некад на Али се поскапи отколку во продавница).
План за фенг шуи (поставување на фигурите и кристалите) се прави еднаш годишно, колку пари е планот не знам (моја претпоставка 50-100еур за стан) бидејќи јас со тоа не се занимавам, како ќе ми наместат така стои. Ако некој сака да си намести дома по фенг шуи а не му се даваат пари за планови на нет има многу книги, може да си прочита.
Ако знаете некој ваш близок што го практикува ова зборете со него и видете го нивното мислење.