Другари, здраво.
Смејте се ако сакате АМА
дали за минување низ Косово ми треба меѓународна дозвола?
(Не сум возел никогаш, јебиа... смејте се, ама не ми замеравајте
)
Ма јок каква меѓународна дозвола. Јас работев таму две години од 20 застанувања никој никогаш не ми побарал. Косоварите се во принцип љубезни освен ако не направиш некој дебилен прекршок.
Фала брате Тишлауфере,
имаше всушност и една друга болва што ме зајаде, не само таа:
https://www.slobodenpecat.mk/patuvate-za-srbija-preku-kosovo-nosete-gi-ovie-dokumenti-za-da-ne-ve-vratat-nazad/
Мада, ова повеќе личи на идиотски квази-новинарски обид за вест отколку валидна информација.
Наведено е: Извод од матична со слика
- уште не сум видел такво нешто да постои 
Тоа е кликбејт, врска нема.
Види, во принцип за патување било каде надвор од државава ти треба меѓународна. Можеш во АМСМ да отидеш, таму те сликаат одма на лице место и ти издаваат, се плаќа не памптам колку, дали беше 250 за возачката и уште 300 денари за 4 слики, ќе те излажам. Најдобро е да си ја имаш.
Лично искуство: тука имаше некоја листа еднаш, некој ја постави дека за во бивша Југославија не ти треба (освен за во Словенија се разбира). Од мои лични авантури никогаш никаде не ми побарале. Во Косово партал ме правеше полиција за мистериозни прекршоци, најчесто возење 10км повеќе од ограничувањата мада секогаш сум возел и под тоа. Од дваесетина застанувања, 3 пати имам одено у банка да плаќам, но никогаш не ми побарале меѓународна. Во Белгија ме застанаа за контрола за алкохол на сред автопат, не ми побараа. ВО Холандија на колега мој брат му е полицаец, го прашав најискрено, ме праша дали на возачката е напишано на англиски јазик, вели чим е на англиски и не е фалсификат зошто би ми било потребно меѓународна. Истото го прашав во Маѓарска на граница, ми се смееше типот, ми рече ти до тука си стигнал и сега ти текнало за меѓународна, ми се изнасмеа и не ми побара. Во Словенија исто имам работено и застанато неколку пати, не ми побарале.
За у косово не им се замарај, јас стално сум носел секаде каде што сум патувал, испаднало џабе. Све тоа ми мириса мене на мижи Хасан да ти баам

пари да лапнат во АМСМ. Вози си мирно без идиотски прекршоци и никој не те чепка. Да беше потребно во секој рент-а-кар ќе бараа меѓународна дозвола, а не нормална дозвола.