Колку што разбирам јас, вака.
Доаѓа возилото. На него, место акциза, сега ќе се пресметува данок (исти qрац, друго паковање). Висината на данокот зависи од цената на возилото, во согласност со табелава:
за возила до 10.000 евра – 0%
за возила над 10.000 до 12.000 евра – 1,0%
за возила над 12.000 до 14.000 евра – 2,0%
за возила над 14.000 до 16.000 евра – 4,0%
за возила над 16.000 до 18.000 евра – 6,0%
за возила над 18.000 до 20.000 евра – 8,0%
за возила над 20.000 до 23.000 евра – 10,0%
за возила над 23.000 до 26.000 евра – 12,0%
за возила над 26.000 до 29.000 евра – 14,0%
за возила над 29.000 до 32.000 евра – 16,0%
за возила над 32.000 до 35.000 евра – 17,0%
за возила над 35.000 до 40.000 евра – 18,0%
за возила над 40.000 до 50.000 евра – 19,0%
за возила над 50.000 – 20,0%
На таа вкупна сума (оригинална цена + даноков погоре), се додава уште 18% ДДВ.
На таа сума се додава уште еколошката такса.
И тоа е тоа.
--
До сега, хибридите и плаг-ин хибридите беа целосно ослободени од акциза, односно она што сега се нарекува данок.
Колку што разбирам, сега се делумно ослободени, односно 50% се ослободени плаг-ин хибридите, 100% се ослободени електричните возила, а обичните хибриди немаат никакво ослободување.