Автор Тема: Рекла Казала IV: Fury Road  (Прочитано 3028906 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30821
    • CARclub.mk
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #7755 на: 02 Јануари 2020, 12:45:03 pm »
Колку што разбирам јас, вака.

Доаѓа возилото. На него, место акциза, сега ќе се пресметува данок (исти qрац, друго паковање). Висината на данокот зависи од цената на возилото, во согласност со табелава:

за возила до 10.000 евра – 0%
за возила над 10.000 до 12.000 евра – 1,0%
за возила над 12.000 до 14.000 евра – 2,0%
за возила над 14.000 до 16.000 евра – 4,0%
за возила над 16.000 до 18.000 евра – 6,0%
за возила над 18.000 до 20.000 евра – 8,0%
за возила над 20.000 до 23.000 евра – 10,0%
за возила над 23.000 до 26.000 евра – 12,0%
за возила над 26.000 до 29.000 евра – 14,0%
за возила над 29.000 до 32.000 евра – 16,0%
за возила над 32.000 до 35.000 евра – 17,0%
за возила над 35.000 до 40.000 евра – 18,0%
за возила над 40.000 до 50.000 евра – 19,0%
за возила над 50.000 – 20,0%

На таа вкупна сума (оригинална цена + даноков погоре), се додава уште 18% ДДВ.

На таа сума се додава уште еколошката такса.

И тоа е тоа.

--

До сега, хибридите и плаг-ин хибридите беа целосно ослободени од акциза, односно она што сега се нарекува данок.

Колку што разбирам, сега се делумно ослободени, односно 50% се ослободени плаг-ин хибридите, 100% се ослободени електричните возила, а обичните хибриди немаат никакво ослободување.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9034
  • Возач без обзир. Безобзирен возач.
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #7756 на: 02 Јануари 2020, 13:03:25 pm »
Ништо од мојот Јагуар, лудациве комплетно полудеа.

Ќе прават еднаквост меѓу луѓето уште еднаш.
Дека им успеа прогресивниот данок, па сега ќе се вежбаат на колите :)))

Дрш ме мајко, да ќинисам :D
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1938
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #7757 на: 02 Јануари 2020, 13:31:13 pm »
Ќе биде и со законов пу пу не важи после година дена, исто како прогресивниот и лимитот за плаќање во ќеш.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #7758 на: 02 Јануари 2020, 13:54:04 pm »
Како и да вртиме половните автомобили ке поскапат,колку % од македонците можат да си дозволат нов автомобил?
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Sent from my BLN-L21 using Tapatalk



Бројката е веројатно мала, али гледано на долг рок, во зависност од тоа дали промената за ДДВ е точна или не, јас пред би земал нешто од типот на Сузуки свифт 1.0 турбо за 10-11,000 евра него половен дизел од 5,000 евра што на долг рок ќе те фати поскапо.
Ама тоа кола ли е споредено со колиштето за 5к плус дизел.
Кој размислува за на долг рок во државава.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6090
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #7759 на: 02 Јануари 2020, 14:18:06 pm »
Добро вие разбирате дека има луге шо едвај врзуваат крај со крај а вие пишувате за нови коли од 10.000€,но сенс

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9231
  • Пичлеме
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #7760 на: 02 Јануари 2020, 14:22:37 pm »
Ситиот на гладниот не му верува :)

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1938
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #7761 на: 02 Јануари 2020, 14:28:41 pm »
Добро вие разбирате дека има луге шо едвај врзуваат крај со крај а вие пишувате за нови коли од 10.000€,но сенс

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk



Знам Рики дека има, повеќето се такви. Зборот ми беше дека јас лично за мене пре би земал кола од 10,000 евра на ново, него половна стара 10 години со 200к минимум, која во следните 5-10 години веројатно ќе ме кошта доста пари за одржување. Сепак, моето размислување се базираше на претпоставка дека ДДВ то ќе оди според таа табелата што ја постирав, и дека ќе може да се земе солидно градско количе за некои си 10,000 евра, а не дека ќе обновуваат возен парк со 18% фиксно ддв, плус дополнително ДДВ кое зависи од вредност на возилото и еколошка такса.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10612
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #7762 на: 02 Јануари 2020, 14:47:11 pm »
Секој ден слушам како трпат за леб, а на тротоар (бидејки нема место на паркинг) пред новокупениот стан од новоизградените згради стојат паркирани 10/15 годишни не пократки од 4.500 cm аудиња, бмвиња, мерцедеси, и чат пат некој голф.

Не се лажете, тој што навистина нема си купува Корса стара 15 години за 1.500 евра.
Само во последно време има криза за тој сегмент коли бидејки никој не ги купува на ново.
А слабо се увезуваат бодејки се нема толку пари ;D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55337
  • Махер
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #7763 на: 02 Јануари 2020, 14:58:06 pm »
Секој ден слушам како трпат за леб, а на тротоар (бидејки нема место на паркинг) пред новокупениот стан од новоизградените згради стојат паркирани 10/15 годишни не пократки од 4.500 cm аудиња, бмвиња, мерцедеси, и чат пат некој голф.
Нормално дека немаат купено паркинг место со станот. Нормално. Таман работа.

„Има на улица паркинг“ - просечниот.

улица
Цитат
„Улица“ е сообраќајница во населено место, наменета за сообраќај на
возила која може да биде сочинета од коловоз, тротоари, велосипедски
патеки и разделни острова;
паркинг
Цитат
„Паркинг место“ е означен дел од паркиралиште кој е наменет исклучиво
за паркирање на едно возило;

Е сега како може на „улица“, да има „паркинг“ тоа е оксиморон. А тој е без окси, само морон.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45193
  • Il Moderatore
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #7764 на: 02 Јануари 2020, 15:21:54 pm »
Колку што разбирам јас, вака.

Доаѓа возилото. На него, место акциза, сега ќе се пресметува данок (исти qрац, друго паковање). Висината на данокот зависи од цената на возилото, во согласност со табелава:
........
........
........
На таа вкупна сума (оригинална цена + даноков погоре), се додава уште 18% ДДВ.

На таа сума се додава уште еколошката такса.

И тоа е тоа.

--

До сега, хибридите и плаг-ин хибридите беа целосно ослободени од акциза, односно она што сега се нарекува данок.

Колку што разбирам, сега се делумно ослободени, односно 50% се ослободени плаг-ин хибридите, 100% се ослободени електричните возила, а обичните хибриди немаат никакво ослободување.
EEeee сега е појасно. Значи ќе си поскапе кувањето на аута. ОК.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20397
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #7765 на: 02 Јануари 2020, 15:28:43 pm »
Ќе се активираат бугарските таблици пак.

Ќе биде и со законов пу пу не важи после година дена, исто како прогресивниот и лимитот за плаќање во ќеш.

Се уќинаа овие работи?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55337
  • Махер
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #7766 на: 02 Јануари 2020, 15:32:47 pm »
Колку што разбирам јас, вака.

Доаѓа возилото. На него, место акциза, сега ќе се пресметува данок (исти qрац, друго паковање). Висината на данокот зависи од цената на возилото, во согласност со табелава:
........
........
........
На таа вкупна сума (оригинална цена + даноков погоре), се додава уште 18% ДДВ.

На таа сума се додава уште еколошката такса.

И тоа е тоа.

--

До сега, хибридите и плаг-ин хибридите беа целосно ослободени од акциза, односно она што сега се нарекува данок.

Колку што разбирам, сега се делумно ослободени, односно 50% се ослободени плаг-ин хибридите, 100% се ослободени електричните возила, а обичните хибриди немаат никакво ослободување.
EEeee сега е појасно. Значи ќе си поскапе кувањето на аута. ОК.
Малку распределбата е поинаква од поранешната акциза, не дека е генерално поскапено. За 10000еур возило порано ти беше 3%, значи 300 евра. Сега ти е само карбонска такса од рецимо 100 евра. Грубо. Ама тука некаде е како што си беше.

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1938
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #7767 на: 02 Јануари 2020, 15:34:15 pm »
Ќе се активираат бугарските таблици пак.

Ќе биде и со законов пу пу не важи после година дена, исто како прогресивниот и лимитот за плаќање во ќеш.

Се уќинаа овие работи?

Персонален вратија на 10% во следните 3 години мислам, купување во ќеш до 3,000 евра е сега

Отсутен MAPJAH

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7200
  • Бенве сие бенве
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #7768 на: 02 Јануари 2020, 16:03:00 pm »
Ќе се активираат бугарските таблици пак.

Ќе биде и со законов пу пу не важи после година дена, исто како прогресивниот и лимитот за плаќање во ќеш.

Се уќинаа овие работи?
Во велес доста бугарски коли земаа, не знам дали некому му се исплати да му земат кола од 30000еур

Sent from my SM-G973F using Tapatalk


Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6090
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #7769 на: 02 Јануари 2020, 16:28:04 pm »
Пријателе сме со Бугарето 😁

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk