Автор Тема: Рекла Казала IV: Fury Road  (Прочитано 1997640 пати)

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3725
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #7185 на: 12 Септември 2019, 10:54:41 am »
Може вака ќе дојде крајот на СУВ-от

https://off.net.mk/zhivot-i-zabava/urban/berlin-kje-zabrani-vozenje-dzhipovi-niz-gradot

Во исто време, заменик лидерот на Зелените во германскиот парламент, побара да се воведе ограничување на колкави џипови ќе им биде дозволено да влегуваат во центарот на градот, и дека би било најдобро тоа ограничување да се воведе на национално ниво.

Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #7186 на: 12 Септември 2019, 10:58:51 am »
@Stratro бре мајкин! Читаш ли ова!? Дај пакуј куферите да одиме таму да оддадеме поддршка лично!

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #7187 на: 12 Септември 2019, 11:49:03 am »
@Stratro бре мајкин! Читаш ли ова!? Дај пакуј куферите да одиме таму да оддадеме поддршка лично!


Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5831
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #7188 на: 12 Септември 2019, 12:19:41 pm »
Комуњари...😠
https://vecer.mk/node/33009


Sent from my EVA-L09 using Tapatalk


Присутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8645
  • Пичлеме
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #7189 на: 12 Септември 2019, 12:19:54 pm »
Од новиот предлог закон:

Цитат
Од ноември ќе стартува променет начин на оданочување на новите возила. Со новиот Закон за акцизи не е предвидена акциза за автомобилите, туку од први ноември за нив ќе се плаќа нов данок на моторни возила.

Со предлог-законот предвидено е пресметката на данокот на моторните возила да се врши врз основа на вредноста на моторните возила, како и врз основа на износот на просечната емисија на јаглерод диоксид – CO2, изразена во грамови по километар.

За возилата на електричен погон – патничките, мотоциклите и скутерите, трициклите и четирициклите, нема данок на моторни возила. Воведувањето на еколошка компонента во оданочувањето на новите автомобили е согласно заложбите за намалување на загаденоста и обезбеди здрава животна средина како основен предуслов за квалитетен живот на граѓаните. Законодавецот очекува дека новиот начин на пресметување на данокот на возила ќе придонесе кон увоз и користење на возила со пониска емисија на јаглерод диоксид, затоа што за нив ќе има помал данок.

Како поконкретно ќе се врши пресметката на данокот на возила ќе се утврди со посебна уредба на Владата.

Законот предвидува ослободување од плаќање данок за возилата за службени потреби за дипломатски и конзуларни претставништва и посебни мисии акредитирани во Република Северна Македонија. Но конзуларните претставништва водени од почесните конзули веќе нема да бидат ослободени од данок на автомобилите.

Законот предвидува данок на моторни возила да не се плаќа или да се враќа за моторните возила кога се наменети за проекти финансирани од странски донации, проекти финансирани од ИПА-средства, возила наменети исклучиво за спортски натпревари. И за олдтајмери произведени пред 35 и повеќе години, нема посебен данок.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #7190 на: 12 Септември 2019, 12:22:09 pm »
Вака звучи како подобра опција од досегашнава акциза.

Ќе видиме што ќе каже уредбата за точните бројки.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8606
  • Малерозен дрводарец
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #7191 на: 12 Септември 2019, 14:34:39 pm »
За возилата на електричен погон – нема данок на моторни возила

ЈЕС!
Многу зборува - ништо не кажува.
Ветер од северен правец.
Раскажува детално за комплетно неважни работи.
На кратко, а богами и на Македонски: Никој.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8606
  • Малерозен дрводарец
Многу зборува - ништо не кажува.
Ветер од северен правец.
Раскажува детално за комплетно неважни работи.
На кратко, а богами и на Македонски: Никој.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6447
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #7193 на: 12 Септември 2019, 14:42:16 pm »
Убава е новинава во врска со цо2 ама делот со вредноста на возилото не го разбирам, каде што е вметнат заедно со цо2. Тоа треба да биде само во врска со задоложителното осигурување, па таму ако возиш нова кола и си возач почетник плаќај 300 евра годишно осигурување ебавај си мајката пошто можеш да си дозволиш кола од 30.000 евра а имаш 18 години.

Додека данокот треба да биде утврден само според цо2 и готово. 0-50 цо2 не се плаќа данок, од 51-100 3.000 денари, од 101-120 цод 5.000 денари итн.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29604
    • CARclub.mk
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #7194 на: 12 Септември 2019, 14:45:03 pm »
Вака звучи како подобра опција од досегашнава акциза.

Ќе видиме што ќе каже уредбата за точните бројки.

Особено интересно за немање данок за електрични возила. Скоро као субвенција му доаѓа.

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 546
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #7195 на: 12 Септември 2019, 14:50:39 pm »
Па и до сега електричните и хибридните возила беа ослободени од акциза, ако овој данок е наместо акцизата ќе нема никаква промена кај цените на електричните возила и хибридите. Инаку царината и ДДВто си остануваат и за нив како и до сега, барем ако точно сум ја разбрал намерата на владата на НМК.

П.С. Се согласувам со @vlatko.klp дека основа за овој данок треба да биде само вредноста на CO2/km.
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #7196 на: 12 Септември 2019, 15:00:11 pm »
Да се потсетиме само што то бјеше царина од правен аспект.

Царина — јавна давачка и установа која се наплатува при премин на стоката од едно во друго царинско подрачје.
Царината е инструмент за заштита на домашното стопанство и непосредно влијае на цената на производот кој се увезува.
Царината е една од најстарите форми на ограничување на меѓународната трговија.


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29604
    • CARclub.mk
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #7197 на: 12 Септември 2019, 15:02:47 pm »
Па и до сега електричните и хибридните возила беа ослободени од акциза, ако овој данок е наместо акцизата ќе нема никаква промена кај цените на електричните возила и хибридите. Инаку царината и ДДВто си остануваат и за нив како и до сега, барем ако точно сум ја разбрал намерата на владата на НМК.

П.С. Се согласувам со @vlatko.klp дека основа за овој данок треба да биде само вредноста на CO2/km.

Ако остане дека се ослобдени од акциза и плус се укине данокот, тоа е уште 18% намалување на цената. Царината е скоро неважна - 1 до 5%, во зависност од потеклото. Или грешам?

Отсутен andrej_111

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 546
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #7198 на: 12 Септември 2019, 15:09:17 pm »
Данокот за кој се зборува во новиот закон е сосема нов данок и нема врска со 18% ДДВ. ДДВто си останува во секој случај, прашањето е дали новиот данок ќе ја замени акцизата или ќе биде дополнително оптеретување на цената на возилото.

Името на новиот данок ќе биде данок на моторни возила и како што пишува, електричните возила ќе бидат ослободени од плаќање на данок на моторни возила. За хибридите не пишува ништо.
Aus Liebe Zum Automobil...

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29604
    • CARclub.mk
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #7199 на: 12 Септември 2019, 15:10:52 pm »
Ааааааааа.. Тоа веќе има логика.