Што е уште поинтересно, во рамки на ЕУ и новиот (не е баш нов GDPR), треба во цела ЕУ да нема Google Street View. Ама, сепак има.... Швабите од секогаш имале закони што во најголем дел се почитуваат дословно.
А за плаќањето со кеш, нормално дека најчесто сите плаќаат со кеш и ќе продолжат да плаќаат со кеш. Помладите ги преобучуваат да плаќаат со картички за да може полека да оди напред безготовинското плаќање. Инаку и јас станав како нив, речиси се што купувам го плаќам во готово (вклучително и колите што ги имам купено од тука).