Значи ова е само за една улица, не и за други. А ако некој ти доаѓа на гости...
Сосема е прифатливо на празна улица од едната страна да се паркира гостин и на никој да не смета.
Ама во време кога секое семејство има две, три коли, сите паркирани на улица, се создава тесно грло (како кај дрворедот кај игралиштата, не знам како се викаше улицата). Таму скоро сите станари имаат гаражи под зградите, и не ги користат.
Поголем проблем се луѓето во куќи, кои имаат дворни места со гаражи, и простор за колите пред самите гаражи, и не ги користат воопшто. Тоа за мене е немање осет кон соседите, општината и заедницата. Башка што и е нелегално паркирање на јавна површина, причината поради која полицијата реагирала.
Многу ми се допадна чекорот на Општина Ѓорче лани, очигледно еден од ретките моменти каде македонска општина не потегнува активност за да краде пари или да оди против доброто на граѓаните. Реакцијата од ѓорчевци? Тотален игнор. Симо го почитувам што се потруди да обезбеди услови за паркирање и Фиц, што секогаш кога сум поминал таму, колата му е во двор
