Организацијата е подобрена за разлика од лани и од претходните години, дали е резултат на ланскиот инцидент или се освестија туку така- не знам, ама тргна малку напред работава. Следните трки очекувам уште подобра организација, бидејќи почнаа пари да се даваат за тоа. Се опаметија да ја вратат старата конфигурација на стазата со делот низ паркингот со што се губи "драг" карактерот на трката и тоа е добро.
Околу колите, шта речи. Конкуренција никаква во сите класи, освен малку во A-1150. Во Србија е покољ во Хибрид и Мали Н, од почеток до крај се менуваат првите 10 места и е многу интересно за публика. Треба вклучување на сериозни спонзори и каков таков прилив на пари кај возачите, бидејќи со капаици без пари - толку. Сиромашни сме, а автомобилизмот не е спорт за сиромашни. Со приправени коли трки не се возат, а кај нас во 98% од случаите се дешава токму тоа. Можеби ќе мрдне работава со организирање на некој куп (како на времето што имаше Тико куп и 106 куп) со еднакви коли каде што ќе се види борба. Исто и техничкиот мора да биде строг, имаме среќа што немало некој страшен инцидент каде што несоодветната опрема може да доведе до сериозни последици, дај боже и да не се деси, али рол-бар OMP CrMo и рол-бар од шавни цевки за водовод се два различни поими. Кола без кочници исто на Скопје круг е рецепт за инцидент, кола без вешање не знам што бара на трки воопшто. Да се надеваме дека ќе тргне напред работата, боље календар со 5 квалитетни трки, отколку 10 трки со по 2 коли во класа.