Како бе друже, да не се жестам.
3 ебани милиони евра отидоа за да си играат курташак со необврзувачки консултации од референдум? Можеш да замислиш колку деца што не можат да се лечат овде, ќе се спасеа со тие пари? Колку пари вреди еден живот? Колку опрема може да купат за болниците со тие пари?
Таква манипулација направи едната партија.
Другата, па го игнорира цензусот (јас не сум го ставил) за кој не е јасно за што служи.
Како тоа не е јасно за што служи цензусот?
Ај прочитај го законот, или барем финалниот извештај од ДИК. Точно се знае за што служи цензусот, тој е услов за референдумот да успее, да биде важечки. Без цензус немаш успешен референдум.
И како тоа велиш „игнорирање на цензус“, како да е тоа нешто нормално и законски. Нешто као ај сеа јас и ти да го игнорираме законот и да влеземе во банка да им побараме да ни ги дадат сите пари од сефот? Што ќе ни се деси нас? А што куртоните кои се навласт, за нив као не важат законите?
И тоа е ОК за тебе?
Мене ми изгледа како да навијаш за сегашнава банда, па рационализираш со тоа дека и другата банда манипулирала со бојкот. Дека се банда и тие другите, банда се. Но дека бојкот е валидна демократска опција, да бојкотот или негласањето е валидна демократска опција.
Зошто бојкотирање би било манипулација.
Вакво непристојно прашање, непристоен предлог кој всушност е уцена за менување на името на државата, па тоа не заслужува одговор. Како она пишуваа во медиумчињата на Сорос, „некои прашања не заслужуваат одговор“? Епа ова прашање не заслужува одговор. Но тебе ова со името можеби не те погодува на лична основа, и тоа е твое право но како јас да ти опишам како јас а верувам и мнозинството, се чуствуваме кога некој сака вака да те понижи со уценивање за да си го смениш името. Ај вака да се обидам. Замисли некој да те праша дали жена ти има еден швалер или повеќе, што ќе им одговориш на тоа прашање?