Да можеа да се справат со ова, немаше во германските градови да постојат цели квартови кои се ноу-гоу зони каде германските закони не постојат, и каде полиција не смее да влезе ако не е во оклопни возила.
Германската полиција влегува каде сака, кога сака и со што сака. Ама тоа не го ставаат на YouTube. Исто како што не ставаат како тивко се зголемува полициската сила, тајните агенти и информатори, бројот на места во полициските академии и високи школи како тивко се зголемува неколкукратно. Во наредните десет години местата во училиштата кадешто професионално се учи полицискиот занает (три години) се официјално зголемени двојно во секоја покраина. Друго, полека полека и тивко ги сменија законите за следење на луѓе, употребата на камери, тејзери и огнено оружје. Понатаму, исто го немаше во мејнстрим медиите и во оние алтернативните како внатре во федералната полиција вовеле нови правилни за употреба на сила, автоматско оружје и оклопни транспортери. Нешто друго што го нема во мејнстриим медиумите е и подготовката на тн. Technisches Hilfswerk и тивкото опремување со оклопни возила на “доброволна база“. Нешто трето што го нема во медиумите е и тивката подготовка на самата армија со нови технологии под капата и изговорот за новата т.н. европска армија.
Остај ти импотентна и неспособна Европа. Тие ги измислија војните, контролата на народ, геноцидот, продавањето муда за бубрези. Не пијат овие нафта, туку се вооружуваат како да нема утре. А ако запукаат, ќе ни се ебе матер на сите.
....
Абе дали наебале или не, не се знае. Ама имаат реален проблем кој го решаваат прагматично и со методи кои најверојатно на долгорочен план ќе дадат позитивни резултати и решенија. Си имаат правилници, си имаат економска моќ и влијание, си имаат способни луѓе на позиции кои не се плашат да превземат лична одговорност во рамките на нивните можности, овластувања и знаења. Најголем број од Германците како индивидуалци се исти како нас, само се поскромни, потивки од нас и си најважно си ја бркаат својата работа. Не прават ништо спектакуларно, надчовечко, или најјако. Обични луѓе со обични способности, квалитети, вештини кои се продуктивни 3-4 часа на ден од 23-4 години па се до пензија на 67 години во било кој аспект од нивното општество, индустрија, земјоделство, државна работа. Нивната обичност, “ладност“ и просечност за некои не е нешто посебно. За мене е, затоа што е знак на железна дисциплина, работа и вкоренети вредности дека не се центар на универзумот.
пс. Мед и млеко има само во Македонија. Во Германија никогаш немало, ниту пак ќе има. Има само луѓе кои не бегаат од одговорност и работат барем малку секој ден од нивниот живот.