Купувањето огнено оружје, неговото носење, складирање, чување во Америка е многу недефинирана работа и најчесто е базирана на свеста, совеста, способноста, вештините на самиот човек. Ако воведат некаква поасална регулација и начин на добивање/купување оружје, секој чесен човек што сака да се одбрани најнормално ќе си купи огнено оружје. Каков закон или регулација да донесат, нема да го оневозможат обичниот човек да си купи тоа што сака да си го купи легално. Проблематичниот дел е што јас ќе идам во К-март и ќе излезам наоружан за десет минути. Без да сум спреман, припреман, или обучен за тоа. И единственото нешто што сите law enforcement agencies неколку месеци ќе немаат никакви информации дали јас сум наоружан, опасен, или неподобен да бидам наоружан. После продажбата одам на Craigslist и се ослободувам од арсеналот со купопродажен договор и се одјавувам од нивниот хартиен регистар за огнено оружје.
Не знам зошто ја мешаш Германија во муабетот. Да тука има напади со ножеви, ладно оружје, а помалку со огнено оружје. Полицијата си ги зголемува редовите со нови полицајци, со озаконување на електричните пиштоли (тејзерите), и пробуваат превентивно да оддржуваат ред и мир.
Јас не го негирам фактот или не контрам дека секој има право да се одбрани ако биде нападнат (смртно нападнат) без некоја особена причина од некој друг. Јас сметам дека законите кај нас и во Европа генерално се многу ограничувачки во поглед кон жртвата. Со други зборови, сам си си крив што си жртва, ако се браниш со ќотек или го пукаш, ти ќе наебеш/ќе го лежиш. На мене лично ми имаат оштетено тони и тони овошно производство. Украдено тони и тони производство (праски, сливи, бостан), околу300 литри ракија. Пред десетина години ми исекоа пораснати праскови дрва (околу 60 овошки стари по шест години во цутот на младоста и економската исплатливост). 60 овошки секоја дава по 50-80кг праски (зависи од годината) = 3 тони праски годишно х 20 години живот = 60 тони производство уништено. И на крај, никому ништо. Тепаниот тепан, ебаниот ебан е муабетот за самоодбрана. Тоа никогаш не се случило во Америка и никогаш нема да се случи без разлика каква регулација на продавањето оружје ќе донесат.
Луки, 'мурика е другата страна на екстремата. Но по се изгледа нема за долго, не со целиот труд што го вложува
машината по тоа прашање.
Германија ја покажав како пример дека забрана за огнено оружје не значи и безбедност за граѓаните (ок, не забрана ама многу ригорозни закони за регулација).
Овде кај нас легално е многу тешко да поседуваш огнено оружје, а од друга страна има стотици илјади парчиња нелегално оружје за кое никој реално не се замара (за свадби е). Овде во Македонија не вреди да ја замислуваме ни за амерската ни за германската екстрема/дијагонала. Пошто овде никакви закони не се споведуваат/почитуваат освен ако тоа некако не и иде во корист на моменталната гарнитура на власт.
Маките и проблемите на поединецот, ако не е партиски човек, никој не ги гледа ниту ги зема во обзир. Таква корупција на такво елементарно ниско ниво, нема ни кај америте а уште помалку кај швабите.
Тепаниот тепан, ебаниот ебан е муабетот за самоодбрана. Тоа никогаш не се случило во Америка и никогаш нема да се случи без разлика каква регулација на продавањето оружје ќе донесат.