Автор Тема: Рекла Казала IV: Fury Road  (Прочитано 1929600 пати)

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5389
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #13995 на: 21 Април 2023, 12:48:37 pm »
Роба се зема, роба.
Кафе немам пиено 1 год (во Грција, а и не сум по кафето) , ама лани беше 2€ нескафето, во Прилеп е истото 100 денари веќе 2 години.
Едит:Еве мени, нескафето е 2.5€ и подобро би пијал со пензионери него тука со гулабите.
https://readymag.com/u807920778/2748107/
Еве и гратис слики да видите каков е Прилеп навечер без разлика дали е викенд(петок, сабота кога се излегуваше често) или работен ден. За разлика од Битола кога на Широк Сокак нема место каде да седнеш дури и во недела навечер.
(ФОТО) Чаршијата зјае празна, а маалските кафулиња полни до последно место – Дали цените се пpecyдни?
« Последно менување: 21 Април 2023, 13:13:40 pm nestor04 »

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5362
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #13996 на: 21 Април 2023, 12:51:33 pm »
Јас животна желба имав пикап да возам грчки, еве бериќат ја најдов една,  имаат 2 пикапи дома :D

Sent from my Redmi 4X using Tapatalk

Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Присутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5083
  • Пиши лаже
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #13997 на: 21 Април 2023, 13:03:47 pm »
Читам овие два викенди, колони за влез во Грција, се прашувам што се прави во Грција ова време, кога сеуште не е сезона на капење ? Не се оди ваљда да се пие дупло поскапо кафе и да се пазари дупло поскапа облека или се оди ?
Па после толку пари што се изнаправија од Телеграм, се оди за сликање на Инстаграм, ручек и сл. Да не прават муабет тие што изнакупија станеви таму па...


Sent from my iPhone using Tapatalk
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6104
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #13998 на: 21 Април 2023, 13:15:08 pm »
Има и една ствар шо се вика гиро и е доволна причина да се тркне до Грција.

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2114
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #13999 на: 21 Април 2023, 13:18:10 pm »
Има и една ствар шо се вика гиро и е доволна причина да се тркне до Грција.
Најбитната за мене :)

Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 331
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #14000 на: 21 Април 2023, 16:34:37 pm »
Некој конкретно што се занимава со фитнес, нутриционизам итн..
Во рок од 1година спуштив -32 кила. Е сега пример, секогаш пресметувам калории за да бидам во калориски дефицит. Денеска внесов околу 1500-600калории преку пилешко месо. Се мерев ја покажа килажата и 150гр, ама претходно истренирав - домашно. По 2-3 саати се напив 2 чаши вода на вага покажува 550гр.  Како тоа ако водата е со 0 калории може да покачи грамажа? Или пак во тие саати сум ја изгубил само водата пошто 90% телово ние од вода па кога сум конзумирал сум ја вратил? Неколку пати ми се дешава ова, до вечер си спаѓа грамажата ама малце пример од 500 до 300, сабајле на празен стомак се нормализираат килата.

Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1624
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #14001 на: 21 Април 2023, 16:58:30 pm »
Некој конкретно што се занимава со фитнес, нутриционизам итн..
Во рок од 1година спуштив -32 кила. Е сега пример, секогаш пресметувам калории за да бидам во калориски дефицит. Денеска внесов околу 1500-600калории преку пилешко месо. Се мерев ја покажа килажата и 150гр, ама претходно истренирав - домашно. По 2-3 саати се напив 2 чаши вода на вага покажува 550гр.  Како тоа ако водата е со 0 калории може да покачи грамажа? Или пак во тие саати сум ја изгубил само водата пошто 90% телово ние од вода па кога сум конзумирал сум ја вратил? Неколку пати ми се дешава ова, до вечер си спаѓа грамажата ама малце пример од 500 до 300, сабајле на празен стомак се нормализираат килата.
Секоја чест за -32!!!


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #14002 на: 21 Април 2023, 16:59:25 pm »
Водата нема калории. Ја мериш водата што си ја испил. Не испарува таа. Оди во клетки, во пот, во црева, во мочка, во крв, во мускули. Варира водата во телото во текот на денот. Имаш резерви на вода. Можеш да истераш неколку дена без вода без никаква припрема.
Од друга страна за воздух нема резерви и затоа 1-5 минути може да истераш, бидејќи нема резерви.

Се додека калориите реално внесени се под оние кои се реално потрошени, немаш гајле.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2148
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #14003 на: 21 Април 2023, 17:00:15 pm »
Некој конкретно што се занимава со фитнес, нутриционизам итн..
Во рок од 1година спуштив -32 кила. Е сега пример, секогаш пресметувам калории за да бидам во калориски дефицит. Денеска внесов околу 1500-600калории преку пилешко месо. Се мерев ја покажа килажата и 150гр, ама претходно истренирав - домашно. По 2-3 саати се напив 2 чаши вода на вага покажува 550гр.  Како тоа ако водата е со 0 калории може да покачи грамажа? Или пак во тие саати сум ја изгубил само водата пошто 90% телово ние од вода па кога сум конзумирал сум ја вратил? Неколку пати ми се дешава ова, до вечер си спаѓа грамажата ама малце пример од 500 до 300, сабајле на празен стомак се нормализираат килата.

Водата треба да ја гледаш во грамажа, не во калории. 2-3 чаши вода се најмалку 500ml/gr плус на вага.
Плус тоа, водата се врзува во ќелиите и со храната што ја внесуваш. Не ја внесуваш и мочаш, не е толку едноставно.

И не знам зошто се замараш со колку грама варираш на вагата, ирелевантни се. Излези од тој зачаран круг, не ти треба да се мериш 5 пати во тек на ден.
Измери се во сабота сабајле или во понеделник сабајле и терај си со начинот на живот што го водиш до наредната сабота/понеделник. 1-2 пaти неделно е сосема доволно доколку не се спремаш за бодибилдинг натпревар.

Знам добро што зборам, бев 108kg пред 4-5 години.
Паднав на 81 за година и кусур со режим на исхрана и теретана, па потоа качив доста мускулна маса со суплементи (whey, течни амино, глутамин, креатин, BCAA) и исхрана. Последниве 2 години се одржувам на 84-85-86kg. Претежно со мерење калории, пазење исхрана/пијачки, како и со кето/intermittent fasting повремено.
Сакав летово до септември да паднам на 80 со најстрого кето (кое уште не сум го почнал). Дали ќе успеам - не знам.  :)
Не сум влегол во теретана од февруари 2020-та. Бев 91kg пред да престанам да вежбам и паднав на тежина (изгубив доста мускулна маса) по моја волја, си ја пазам на 85-86kg и ми е ОК. Иако ми фали мускул, дефинитивно. Ај можеби од есен ќе почнам пак, имам некоја замисла.
« Последно менување: 21 Април 2023, 17:17:40 pm balanar »

Отсутен kokos

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 181
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #14004 на: 21 Април 2023, 18:44:30 pm »
Дали е задолжително носење на ПП апарат за возило конвертирано на плин на територијата на Грција, а воедно и кај нас?

повели порчитај си тука за задолжителна опрема http://www.amsmspi.mk/mk/touring_info_evropa.asp?drzava_touring=3#soob_info

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10282
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #14005 на: 21 Април 2023, 19:08:49 pm »
konsultirajte se so nekoj povicen za keto, ne moze samo masti i proteini da vnesuvas i to da e ok. Bilderine vnesuvaat po 6000 kcal preku jagle hidrati i pak se zhilet, no 30%-30%-(40%jaglehidrati)e kao naj zdravo, sekako zavisi i preku shto gi vnesuvash.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #14006 на: 21 Април 2023, 19:15:10 pm »
@was пиши начин на исхрана и вежби. Сепак 30кг да симнеш, е голем успех. Друг човек.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20106
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #14007 на: 21 Април 2023, 19:39:59 pm »
@was пиши начин на исхрана и вежби. Сепак 30кг да симнеш, е голем успех. Друг човек.

Калориски дефицит 10-15% и 10000 чекори на ден. Доволно е. Исто е битно да немаш инсулинска отпорност, ова лесно се решава со “постење“ 12ч или повеќе меѓу оброци.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2148
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #14008 на: 21 Април 2023, 19:45:20 pm »
konsultirajte se so nekoj povicen za keto, ne moze samo masti i proteini da vnesuvas i to da e ok. Bilderine vnesuvaat po 6000 kcal preku jagle hidrati i pak se zhilet, no 30%-30%-(40%jaglehidrati)e kao naj zdravo, sekako zavisi i preku shto gi vnesuvash.

Малку ти е за никаде споредбата на кето и со внес на шеќери за билдери. Не можеш да споредуваш внес на јаглехидрати за обичен човек и за билдери.
Нив им требаат (во таа количина) за да трошат енергија од гликогенот, не од мускулното ткиво. Жилет се затоа што пазат што и колку внесуваат, оти вежбаат и ги трошат калориите, нема врска дали се од масти, протеини или шеќери. Дај му иста количина на храна на билдер и остави го да не вежба. Знаеш ли каде ќе одат тие 6000 калории што ги спомна?

За обичен човек кој нема потреба од таква енергија како на пример, при физички напор - шеќерите се огромно ѓубре и се многу поштетни за здравјето од мастите (нормално, да не се дави човек во лој). Постојат дебели луѓе само заради преголем внес на шеќери, а не заради масти или протеини. Додуше, шеќерите се добри и за нервниот систем. Генерално се брз извор на енергија кој воглавно е штетен и здебелува многу повеќе и побрзо.

Да напоменам дека кетото го држам со мерење на калории и калориски дефицит. Нормално, слабеење може да се постигне и без кето (така симнав и 27 кила првично), но е бааги потешко (психички) бидејќи јаглехидратите те прават многу погладен за изедена иста количина калории во текот на денот, пример 2000.
Еден грам масти има 9 калории, шеќерите и протеините по 4. Поголемата калориска вредност те прави многу посит.
« Последно менување: 21 Април 2023, 20:05:39 pm balanar »

Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 331
Одг: Рекла Казала IV: Fury Road
« Одговори #14009 на: 21 Април 2023, 20:32:44 pm »
@was пиши начин на исхрана и вежби. Сепак 30кг да симнеш, е голем успех. Друг човек.
30 Април 2022, лани овај месец, уште некој ден скоро една година.
Пред се треба да имаш мотивација, да те мотивира нешто, да си поставиш цел и менталитетот да тие баш онака како на германец, колку и да е тешко, колку и да фаќаат кризни моменти не смееш да се откажиш пред се од целта, нема отпуштање, нема лабаво, одиш до крај, стегаш заби и собираш сили дека нештото мора да се случи за да успееш, нема тешко мие ова, нема не можам. Ги спомнав германците зошто тие и 0-10 да губат, не се откажуваат играат со исто темпо. Некни Баерн 0-3 губеше иако изгубе ама колку беа само мотивирани, истрајни и навивачи и играчи до крај дека ќе направат успех. Добро тоа не битно, поентата мие прво треба да средиш психата и умот за да бидеш спремен да се откажиш и многу работи. Јас лани имав стомак како на шофер што вози камион/автобус имаш видено, чкаља пример, седиш и јадиш, значи доста голем за сега да немам ништо од тоа туку малку подкожно сало кое со тек на време и вежбање треба да се достопи.
Прво мора да откажиш:
- Благо (чоколади, торти, баклави, наполитанки). 1 чоколадо милка тие 500калории, а за да ги потрошиш тие ти треба 2-3 саати активност за да ги стопиш, па сега види.
- Леб и тестенини (буреци, банички, зелници, шпагети, пици, хамбургери и сендвичи, бурита итн). 1/4 бурек со месо тие исто 400-500калории.
- Сокови газирани и не газирани под хитно откажување
- Алкохол исто, пиво, вино, ракија. Пивото најмногу поправа зошто е како храна, башка уште повеќе го отпушта стомакот нанапред.
- Глутенска храна, иако треба да ја избегнуваат тие што се алергични ама сепак е клучна и за дебелината, прво не ја избегнував ама за да успеам до крај последниве месеци и тоа го исфрлив, глутенот го има најмногу во производите што содржат пченица.
На почетокот сето ова ми беше тешко, особено за благото. Мозокот во Алфа режим (не Ромео  ;D) и буквално како дрогана, не размислуваш за последиците, те влечи, самата рака и нервите ти посигнуваат, ама не се осудив, не ја продавам душата на белиот ѓавол. Чоколадо прв пат каснав за нова година, дека од Швајцарија го донесоја и ми беше желба да пробам пошто швајцарски стандард, алпико таму и овде нее ист. И после 4 месеци сега за Велигден ама предходно испитав и се консултирав, и после мавнав вежбање одма за да ги исфрлам јаглехидратите. Значи во 1 година 2 пати благо каснав, и пишман сум ама ај.

Јадам еднаш денот. Точно на пладне 12 или 1. На сабајле стартувам со вода, во 12-1 јадам, внесувам храна ниско калорична, пресметувам за да има калориски дефицит или пак за одржување на кг. Заменав со риба, туна, ама маслото не, го цедам, салати, марула, зелка, пилешки филети денеска еве, телешко, свинско поретко. И сега пример земаш калкулатор и отвараш на гугл, пилешково еве пример е 239калории на 100гр, јадиш едно 400-500гр и си сметаш, плус салата марула еве 30калории на 100гр и сметаш за да ти излези дефицит. И ова со еден оброк на почеток беше тешко ама после не, сега навика мие. За Велигден сите јадат ова она, јас моето, уште 100 маси да имаше поставено ништо не каснав и напив.

Вежбање, физичка активност. Јас дома сум активен повеќе, на сабајле правам 100 стомачни, 50 подигање за трицепс, 30-40склекови, 2мин кардио, 70 пати кревање тегови од 12кг, едната страна 6кг другата 6кг. 3 пати денот ова, сабајле, после 45 мин јадењето и на вечер кај 6-7.Теретана се уште не сум се решил а сакам.
Важен е и сонот, си легнувам порано, секош 10ипол или 11, сон од 8 часа ти губи бар мене, додуша јас спијам 5-6 часа и секош на сабајле сум -300грама еве.
 
Чудно е нели, и тешко. На сите што сум му кажувал ме гледале зачудено, ама ако сакаш да успееш ќе се откажиш од многу работи. Сее до мозокот и психата

Резултатот: Се чуствувам многу природно, лесно, како да сум се преродил, не се препотувам од 10 скали пример итн. Буквално можам да летам што се вика.Срцето ради а се не чује, олеснување за него најмногу, ко ново масло да си менал на моторот.

Пред неколку дена правев крвна слика за да видам како стојам зошто -32 изгубив, плус само еден оброк. Ама се зачудив, дури бев кај матичната на консултации, онаа се зачуди. Ама млад организам, си работи и користи резервите. Горд сум на себе за сето ова и никогаш нема да се вратск на тоа што бев. Еве ја крвната слика од вена, точно една година слабеење, -32кг и еден оброк во денот:
« Последно менување: 21 Април 2023, 21:01:04 pm was »