Битно е да се купат типски кои убаво си легнуваат во „коритото“ кај што престојуваат нозете.
Новите, па дури и поефтини патосници доаѓаат со гумено дно кое покрај што не пропушта вода, и служи како дополнително помагало патосницата да не мрдне или претне, колку и да се трудиш да ја лизнеш со нозе напред, назад или странично.
Целото тоа задоволство некои фирми го нудат за 1200-1300 денари, а имаш и фирми како Самад кои ти дозволуваат да избереш и квалитет на самиот теписон (околу 2200 им коштаат тие со Лукс материјал, кои претпоставувам прават да се осеќаш како да си седиш дома, на убаво наместена фотелја и нозете ти газат на тепих што си го бирал за да ти е пријатно под нозете).
Секогаш постои опцијата ОЕМ кај што соодветно ќе ти наплати производителот, и така...