Ќе го тагнам @Stratro бидејќи знам он свири гитара па да каже искуството негово.
Дали постои акустична гитара што може да се поврзе на некој уред, а потоа звукот да го слушам на слушалки? Од малечок сакав да научам акустик па бас, но живеам во зграда со постари комшии, и не би сакал да сметам. А без вежбање, не ја бива.
I. Електрична , такозвана "соло"

гитара ти е најтивка во тој случај, но ќе ти треба појачалце или (ако ти е баш за по дома) Partѕ speaker (имаш Сони за 10.000 во Техномаркет) кој можеш да си го користиш и за слушање музика на ЦД, Bluetooth, радио и сл бидејќи имаат еден или два влеза за микрофон/слушалици па ќе имаш забава за цело семејство.

II. Ако не сакаш електрична, акустична гитара не е нешто посебно гласна, плус се наоѓа ефтина како за почетник и нема шанси комшии да ти прават проблем, освен ако ѕидовите не ти се од картон.
III. Електрично - акустична гитара ( такозвана "корњача") не ти брка работа од два аспекти:
1. Подеднакво е гласна како нормална акустична гитара и целта и е да е уште погласна па затоа со кабел се уштекува во појачало.
2.Звукот според мене е пластичен, вештачки, макар и виртуоз да станеш.
Еве најдобар пример колку подобро звучи акустичната гитара на тој најдесно што седи, во споредба со другиве двајца кои свират на корњача.

IV. ..или пробај бас, каде ќе ти требаат истите работи како и за електрична, али сепак напрај си муабет и со комшиите за секој случај...a и со фамилијата.
