Автор Тема: Удолница во "лер" или во брзина  (Прочитано 15850 пати)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Удолница во "лер" или во брзина
« Одговори #45 на: 10 Октомври 2017, 10:59:23 am »
Момци како вие практикувате кога ќе се симнувате по удолници???

Во брзина која е барем истата во која се качувам, понекогаш — во специфични и познати ситуации — и една пониска.

На пример, кога се качувам накај Соње по патот преку Теферич, терам во трета. Меѓутоа, кога се симињам, дел од спуштањето е во втора. На тој начин уште по лесно ја контролирам брзината и дополнително ги штедам кочниците, по цена на малку повеќе галама во кабината заради дизелашот кој врти на нетипични 3000-3500 рпм...

Начелната идеја е што поретко да светкаат штоповите при симињањето. На удолница брзината се контролира пред се со менување брзини и ситни коректури со кочницата.

Пример кога се спуштате на Плетвар, Стража, Ѓавато.

Во брзина, се разбира.

Ме заинтересира оваа тематика пошо видов неколку другарчиња практикуваат да се спуштаат во лер, и велат дека помалку "троши" што мислам дек не се право.
Мислење од поискусните :P ??

Кажи им на другарчињата дека имаат сериозни дупки во разбирањето како работи мотор со внатрешно согорување и плус дека тотално непотребно ги трошат кочниците и горивото, а ја загрозуваат својата сопствена безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

Нема ниту една разумна причина зошто удолница би се возела во лер. Има само негативности и ниту една предност. Кажи им дека на удолница во брзина колата троши нула литри на 100 километри и нека размишљаат зашто е тоа така. Размислувајќи за тоа прашање би требало повеќе нешта да им се разјаснат кои сега не им се јасни.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10925
  • 430i
Одг: Удолница во "лер" или во брзина
« Одговори #46 на: 10 Октомври 2017, 11:13:17 am »
Кажи им дека на удолница во брзина колата троши нула литри на 100 километри и нека размишљаат зашто е тоа така...

мојата троши 2Л/100км на удолница без гас :(

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43559
  • Il Moderatore
Одг: Удолница во "лер" или во брзина
« Одговори #47 на: 10 Октомври 2017, 11:16:47 am »
Така кажуе бордот на алфите..  Треба да закачам обд да видам тајмингот на инџекторите каков е,  чисто се сомневам дека троши толку...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Удолница во "лер" или во брзина
« Одговори #48 на: 10 Октомври 2017, 11:17:48 am »
Aх... требаше горе да пишам „у принцип“.

Кога веќе спомна, новиве коли некако „чудно“ комуницираат со алтернаторот кој, се чини, генерира доволно струја за сите потреби (светла, вентилатор, клима...) само над некои вртежи. Веројатно новите коли трошат повеќе струја од старите, не знам...

На пример, современ автомобил кога работи во лер, сепак троши струја и од акумулаторот. Дури кога ќе тргне, т.е. кога моторот ќе развие доволно вртежи, алтернаторот е доволен за сите енергетски потреби. За ова не сум читал ништо, туку зборувам исклучиво според своите забелешки и сфаќања, што значи дека е можно да лупам глупости :-)

Така кажуе бордот на алфите..  Треба да закачам обд да видам тајмингот на инџекторите каков е,  чисто се сомневам дека троши толку...

Јас тоа веќе го направив со Кокошарникот. На удолница бордот вика 1 l/100 km, ама веројатно тоа е најмалата вредност која девелоперите на софтверот предвиделе да се покажува. А инјекторите не штрцкаат ништо во тие моменти, од ауспухот искача ладен ваздух.

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4218
Одг: Удолница во "лер" или во брзина
« Одговори #49 на: 10 Октомври 2017, 11:19:19 am »
Во зависност од вртежите, aма речиси сите инџекш системи гасат инјектори над +-1500rpm. Можеби алфа не ги гаси, па затоа трошат 20 литра :)

Отсутен igorN73

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 698
Одг: Удолница во "лер" или во брзина
« Одговори #50 на: 10 Октомври 2017, 11:20:02 am »
Каква тема еј, "лер" се користи само на застанување.. да се возам со некој и да спушта удолница со "лер" ќе му бампнам шамар :)

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4905
Одг: Удолница во "лер" или во брзина
« Одговори #51 на: 10 Октомври 2017, 11:33:14 am »
На надолнина без гас на сите понови мотори дизните одат во cut off, односно не шприцаат гориво. Е сеа зошто бордот кажува...

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11718
  • Архитект
Одг: Удолница во "лер" или во брзина
« Одговори #52 на: 10 Октомври 2017, 11:44:52 am »
Кажи им дека на удолница во брзина колата троши нула литри на 100 километри и нека размишљаат зашто е тоа така...

мојата троши 2Л/100км на удолница без гас :(

Исто и кај мене така пишува на борд.
Така компензираат за грешен борд.
:)

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Удолница во "лер" или во брзина
« Одговори #53 на: 10 Октомври 2017, 11:51:47 am »
Не знам што ви е чудно толку, алфа е тоа, расипан е бордот :)

Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3665
Одг: Удолница во "лер" или во брзина
« Одговори #54 на: 10 Октомври 2017, 11:54:09 am »
Лер надолу можеш да возиш едино ако е блага надолнина зошто ако ти е во брзина ќе успоруваш а вака ќе имаш констатна брзина
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен ghost555

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 140
Одг: Удолница во "лер" или во брзина
« Одговори #55 на: 10 Октомври 2017, 12:01:26 pm »
Лер за штедење гориво, а изгасена пред теретана за загревање раце и нозе

Отсутен Tesla

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • Eбач на батерии :D
Одг: Удолница во "лер" или во брзина
« Одговори #56 на: 10 Октомври 2017, 12:08:07 pm »
Лер само кога ја палам и кога чекам пред семафор.
Д'г ж'т в'к п'н б'и - Долг жолт волк полн болви.

Zenu dupe krasi a tortu orasi.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11718
  • Архитект
Одг: Удолница во "лер" или во брзина
« Одговори #57 на: 10 Октомври 2017, 12:44:12 pm »
Лер за штедење гориво, а изгасена пред теретана за загревање раце и нозе

Не штедиш гориво со лер.

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2639
Одг: Удолница во "лер" или во брзина
« Одговори #58 на: 10 Октомври 2017, 12:54:28 pm »
после се чудам како интересните теми собираат прашина а овакви цветат...

Отсутен Ford Fikus

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 421
  • Ford Focus 1.4 mk2.5
Одг: Удолница во "лер" или во брзина
« Одговори #59 на: 10 Октомври 2017, 13:13:15 pm »
Па се чудиме после зошто има толку сообраќајки дневно. Лер е само за во место!