Јас регистарот на педофили би го оставил јавен. Во многу земји има и функционира, не гледам зошто не би функционирал и во Македонија.
Е сега, би требало да има строга законска дефиниција и одредба што точно значи педофил. Сум прочитал стории за луѓе на кои им бил уништен животот заради погрешна интерпретација на тој закон. Имаше некој човек во Америка кој си го сликал сопствениот внук на игралиште, некој родител го пријавил во полиција и човекот не само што заглавил во затвор, туку и цел живот е обележан.
ЛП, sorry, ама не можам да прифатам дека со зголемување на наталитетот во некои општини, тие општини ќе се „спасат“. Прво, погледни малку подалеку од етничката поделба, па да праиме муабет. Ако општините треба да се спасат, нека се поработи на подобрување на инфраструктурата во тие општини. Нека се поработи на подобрување на условите за наоѓање работа. Фабрики-мабрики.
За законот за Македонски производи - се слагам. Убаво е да се знае од каде потекнува тоа што го купуваме - ама тоа да биде стриктно и ригорозно контролирано. Да речеме, 80% од состојките во одреден производ да бидат произведени во Македонија, или шта-ја-знам, за да се избегне моментот со пченица увезена од Србија, а Македонско брашното..