(1)Со работа од 15 саати на ден ќе си го обезбедиш она што твоите не биле во можност да ти го обезбедат???
Мислам дека многу многу се лажеш...
(2)Паметно е да размислуваш во насока која ти ја посочија некој членови, на пример диносаурус, за школото и квалификациите...
(3)Инаку после 15 часовна работа не верувам дека ке бидеш способен да спиеш, а камо ли нешто друго да правиш...Не сега дека се правам многу паметен, но немој да мислиш дека таму од небо паѓаат пари и дека се живее како на холивудски филм...
(4)Никогаш овој живот овде, оваа слобода овде и овакво да не речам дрвење к*р нема да најдеш у странство...

1. Ќе работиш за да заштедиш. Тоа темпо не може да се издржи поише од 10 години, што би биле доволни за да заштедиш за просечен странски живот, што е две класи подобар од македонскиот просечен живот за кој работиш 10 години.
2. И да сакам да фатам пат сега, нема да ми биде дозволено и нема да ми бидат обезбедени финансии од страна на моите. И не сакам, сакам да завршам тоа што сум почнал, па после да се ангажирам за трајно напуштање.
3. Читај 1.
4. Што ќе ми слобода и дрвење ако за викенд не можам да одам до Охрид затоа што наредна недела иде крајниот рок за плаќање на сметките?
Некој мора да изринта... Затоа фамилиите во странство живеат убаво. Првиот што отишол изринтал, и навлегол во системот. После следи само уживање за него на стари години, а за поколенијата цел живот.
Тоа си е тоа. И не мора да ринтам цел живот... Ене ги и германците, тие го оформија терминот mid life crisis. Работи цел живот за на 50 години да купи Порше кабрио и проќелав да го вози кај ќе му прдне.
(1)Мартин, јас работев по 12 саати секој ден (освен недела) од 2000-та година од прилика јуни месец па се до август 2005-та. Собрав пари еден куп, купив кола, направив веце и ходник комплет со мермер, плочки, сменив прозори и ролетни, и платив на сестра ми прва и втора година факултет партиципација.
(2)Подобро работи 8 саати и немај пари отколку да работиш 15 и да имаш пари кои друг ќе ти ги троши и ќе се офајди од нив.
1. Кажи ми дали ти беше лошо додека договараше мајстори и знаеше дека и да те поткраднат 10% ќе имаш да го покриеш тоа? Лошо ли ти беше да можеш да ги дозволиш 90% од работите за кои си сонувал цел живот?
Секоја пара што ќе ја заработиш, и притоа не ти е потребна за извршување на секојдневни активности и основна егзистенција, МОРА да се вложи во некој тип на бизнис. Затоа сега имаш многу помалку од тоа што си го имал тогаш.
1.1 Здравјето ќе го изгубиме сите кога тогаш. Дали сега кога ќе работам по 12 саати или лека полека од работа по 8 саати на исто место - ќе го изгубам.
2. Според мене ова е МНОГУ грешно. Деца се прават за да може животниот труд и резултатот од него да го споделиш со нив. Нека трошат, нека живеат и нека имаат детство какво што јас сум немал или сум посакувал.
(1)Мартин, ако веќе цврсто си решил да бегаш, бегај, но знај едно!
Како што ти кажаа, парите ни таму не паѓаат од небо, сака работа а пред се ако сакаш добро да заработуваш а да не чистиш клозети или работиш амал во градежна фирма, вложи колку што можеш повеќе во најсигурната инвестиција во ова време, во самиот себеси!
(2)Јас не знам какви и што квалификации имаш но верувај дека секое знаење ќе ти биде добродојдено!
Не во смисол на размафтани дипломи како пеперутки, колку да ги имаш (а не знаеш скоро ништо од областа на која си дипломирал или земал некаква диплома), туку во смисол на кавлификувано знаење кое во секој момент можеш да го покажеш и со него да настапиш!
1. Нормално е дека планирам да го завршам факултетот па потоа да го почнам патешествието по белиот свет.
2. Квалификациите моментално ми се средно гимназиско образование, со тоа што сите тие работи (освен финансиско сметководство) што ти си ги барал од кандидатите ги владеам да речеме со 95%. Моментално се образувам на КИМ - Економски факултет и со оглед на резултатите што ги покажував во средно, прилично добро ми оди, една математика ја имам на испит само.
@Banzai едно од првите и најважни цели што ги поставив кога стапнав во Скопје како студент: НЕ СЕ ДРУЖИ СО ГОСТИВАРЦИ. Цврсто стојам на тоа, и имам само површен контакт со некои од колегите што ги познавам а ми се сограѓани. Каде и да одам, ќе го практикувам истото.
@onak и приказната што ми ја вети за во живо. Ќе те држам за збор и знам дека има уште некои детали кои не ти се кажуваат во јавност, а мене многу ме интересираат.
Да реплицирам: сметам дека подвигот за преселба во странство ОТКАКО ќе создадеш семејство е секогаш потежок. Колку и да си силен, надвладува тоа чувство на носталгија, љубов кон тие што си ги оставил назад и слично. Тешко е, и многу ми е жал што не си успеал својот бизнис повторно да го започнеш во некоја од наведените земји кај што е ценет неколку пати повеќе отколку тука.
Да додадам: кажав еднаш, пак да кажам - ако планот да се отселам не успее, дефинитивно ќе го следам патот на Tommy и заработката ќе ја барам таму кај што ја најде и самиот тој. Без пари, или на минималец колку само да преживеам - нема да живеам.
Извинување за долгиот пост, али 4 страни се набилдале од вчера навечер.