Многу точно е тоа дека никој нема да ти рече „ајт пакуј и носи се у пи.. уствари странство“.
Сестра ми беше 2 пати во САД, првиот пат на трајал Work and travel, вториот пат исто на таа програма со намера да остане. Моите ЈА НАТЕРАА со цел памет да се врати за да положи уште еден предмет и да го заврши факултетот.
Ги послуша, го заврши факултетот и еве ја - скапува дома, врши превод за стоки од луѓе што не сакаат ни осигурување да и платат.
Мартин учи на туѓи грешки, затоа што учењето на туѓи грешки е најмалку штетно по мене. Ќе ги намолам да соберат пари и да ме пратат и мене. Ќе се снајдам, глуп не сум. Не сум ни паметен, ама не сум глуп. Ќе работам по 15 саати на ден ама ќе го живеам животот што моите не биле во можност да ми го обезбедат.
Нека биде така Фаланга, нека помине време. Тврдоглаво дете сум, убеден дека мојата иднина и животот што го сакам не можам да ги остварам овде, па макар и да лижам газ на функционери и да се преправам дека ми се битни во животот.