Со оглед на тоа како е напишан текстот, го пишал некој полуписмен медиокритет од битолско. Сите работи кои ги посакува му се неосновани и глупи...
Не постои нешто кое се вика додадена моќност од 33%. Тоа се +33% за Ангажирана моќност, ставка која од секогаш се плаќала за домаќинствата. Средствата од таа ставка служат за развој и одржување на мрежата така што потрошувачите нема да бидат ограничени со тоа колкав е нивниот конзум во кое време. Доколку некој сака може да си побара полу-индиректно мерење со максиграф каде не се плаќаат тие 33%, но затоа се плаќаат пиковите кои ќе ги направи.
Средствата од тие 33% не ги зема ЕВН туку се делат помеѓу МЕПСО, ЕЛЕМ и ЕВН.
Што се однесува до водовите кои поминуваат низ приватни земјишта, тие водови се изградени во СФРЈ кога земјиштето било државно, за нив е пишана прибелешка во имотните листови/парцелите доколку се со челично-решеткасти столбови (35kV или 110kV), а во спротивно се регулирани со закон како објекти од јавен интерес кои се од привремен каркатер. За сите нови ЕЕ водови кои треба да се градат најпрво се решаваат имотно-правните работи при то се обесштетуваат сопствениците на парцелите каде минува водот со соодветен надомест(како што ќе се договорат двете страни), се прави времена експропријација на земјиштето каде треба да помине водот и се изработува елаборат за експропријација кој е неопходен за добивање на одобрението за градење.
Се слагам дека се е изградено со народни пари, но ЕВН не е крив што Гаргамел го шитна(практично за безпари) државнмиот имот. Тоа барање треба да му го постават нему, а воедно и на сите оние „опозициски“ штрајкувачи кои се најгласни при ваквите протести, а кои кога се приватизираше ЕСМ си го играа к*рот и ја потдржаа бандата на пијаницата и Гаргамел кои ја приватизираа ЕСМ на таков начин. Сега сите можеме петел да бричиме.
Што се однесува до евтината тарифа, единствено тоа може да се бара да се решава меѓутоа имајќи в предвид дека имаме багателно ниска цена на електрична енергија дури и да се врати ефтината тарифа од сабајле цената на електричната енергија само ќе расте. Електричната енергија во Македонија е социјална категорија, а допрва ќе треба да се соочиме со дополнителни поскапувања на ел. енергија така што ќе се упросечиме со цените во регионов.