@Sportext
Ако си сакал да ме прашаш нешто кое не би смеел јавно да го одговорам си можел тоа да ме прашаш на само. Вака на форумов изгледа ко да изнудуваш провокација и ме ставаш во улога да заземам страна која не сакам да ја заземам и која ако ја заземам моите одговори како вработен во ЕВН ќе бидат ирелевантни.
На твоето прашање ќе одговорам кратко. Ангажираната моќност како ставка во Германија, Швајцарија, Бугарија и Косово е вградена во самата цена на електричната енергија. Тоа што не е дадена како посебна ставка не значи дека не постои. Самата природа на електричната енергија е таква што не можеш да ја скалдираш туку мора да потрошиш онлокава количина колку што ќе произведеш. Тоа кошта и се наплаќа.
Цената на електричната енергија во Германија и Швајцарија е неколку пати(во зависност од операторот и тарифниот модел од 3 до 8 пати) поскапа така да таму покрај ангажирана моќност плаќаш уште 10 пуни к*рци давачки кои не ти се специфицирани во фактурата како посебни ставки туку ти се ставени во пакет по kW/h. Јас само не знам кој к*р не се буниш во Германија и во Швајцарија за цената на струјата како што се буниш овде? Еве имаш и аргументи, кажи им дека овде електричната енергија ти е 5 пати поефтина и покрај тоа што те дерат +33% за некоја измислица „ангажирана моќност“.
@AllMightyMe
Приватните компании се дојдени овде за да заработат, а не за ги решаваат нашите финснсиски и социјални проблеми. Производството на електрична енергија во Македонија е мало и недоволно па без прекин увезуваме електрична енергија. Тоа што врне дожда не значи дека врне електрична енергија. Хидроелектраните имаат свој производствен капацитет и повеќе од тој капацитет не можат да произведат, па колку сака може да истура од врнење пак лимитот ќе биде ист.
@Dean
Ја погоди суштината за која за жал малкумина се свесни. Цената на електричната енергија во Македонија е багателна и допрва ќе се зголемува. Проблем се нашите ниски примања. Што е најчудесено, на простиов народ му е скапа електричната енергија, а во домаќинствата имаме поголеми сметки за телефони отколку за електрична енергија....
Фала за одговорот! Не сум те прашал оти не сум те видел одамна!
Не се бунам затоа што не моја работа да се бунам, плаќам сметки на фирма, не лични, јас за жал немам станови во Германија и Швајцарија, туку само во Велес.
И уште нешто, таму не постои категорија Индустриска струја како кај нас, не знам зошто навистина ?
А за курацот ќе ти објаснам поподробно кога ќе се видиме!
За да не биде дека зборам на памет изволте од повелево :
Цената на KW електрична енергија во германија изнесува 0,26 ЕУР или преведено во наши пари околу 16 денари за. За да не постирам сметки од фирма еве ви како доказ податок од интернет!

Цената на Електричната Енбергија кај нас е околу 4 и кусур денари ако не се лажам. Ефтина нема, то ест има ама само во недела!
Значи разликата во цената е нецели 4 пати, а со економично трошење и готвење, бањање и перење само во недела, може да се дојде до некоја заштеда која би го дигнала овој сооднос на да кажеме 5 пати поскапа цена во Германија одколку во МК.
Супер! Ајде сега да видиме што кажуваат податоците за животниот стандард во Германија!

Значи просечна бруто плата во Германија иплатена минатата година изнесува 42.400 Евра!
Просечна бруто плата во Македонија, исплатена во Март оваа година според државниот ни завод за статистика изнесува 30.090 Денари, или преведоно во евра по ситиот курс по која е рачуната цената на електричната енергија во Германија (61,5 денари ) излегува 5.871 ЕУР на годишно ниво!

Со проста математика се доѓа до бројката која вика дека во Германија просечната бруто плата на годишно ниво е 7 пати повисока од онаа во Македонија !
Кога на цената на струјата ќе го додадеме платениот износ за ангажирана немоќност од плус 33% , излегува дека просечниот жител на Имачка, споредено по животен стандард, има и плаќа дупло поефтина струја од Македончето!
Епа македонче, епа чорба!
ЖИВЕЛИ !