Автор Тема: Забави...... не трчај низ животот...  (Прочитано 181855 пати)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #120 на: 31 Јануари 2013, 20:59:20 pm »
Ме восхити човекот! Е тоа е БОГАТ И ПАМЕТЕН човек! Да има барем неколку такви луѓе од тие светските милијардери светот ќе биде за некое ниво подобар...! Кога слушам и гледам по медиуми  колку МИЛИЈАРДИ евра се трошат за правење на оружје,за отварање на нови нуклеарни централи......останувам без зборови!!! ПО ЃАВОЛИТЕ! ЗОШТО тие милијарди да не ги потрошат да се направат домови на бездомниците,да им се обезбеди храна на гладните,да им се помогне на болните!!!??? Да му се помогне на народот да оживее а не да се уништи...!

http://tocka.com.mk/1/85416/ke-go-donira-svoeto-bogatstvo-parite-ne-mu-znacat-nisto
Дали на вакви глупости верувате?Кој од овие ултра е***о богатите донирал до сега?Каде?
Сите отвораат фондации преку кои перат уште повеќе пари.Секој ден ке прочиташ на нет дека овој донирал толку,оној донирал онолку итн.итн.
А оние ‘за кои донираат‘ се уште во полоша состојба.
Дали им однесоа вода за пиење на оние во Африка,дали им однесоа храна?
Ај да не редам на долго и на широко,според мене ова се чисти глупости.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #121 на: 31 Јануари 2013, 21:09:55 pm »
А бе се` друг ни` е крив на светот, прво турците, после југословените, денес европејците.. Ах бе македонче! Кога ќе си ја земеме судбината во свои раце, можеби и ќе мрднеме. Наместо глеаме кој ни` е*ал мајката во минатото, може да се завртиме нанапред, па да видиме што може ние самите да оплодиме.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #122 на: 31 Јануари 2013, 21:15:45 pm »
Дете што самоволно се одрекнува од родителите не треба да очекува никаква милост од истите после тоа. Одлуката беше таква каква што беше и тоа САМО затоа што народот беше изманипулиран ради намерно така смисленото референдумско прашање. Да не очекуваше алиментација можда или право на наследство? Што си посеавме тоа си жнееме, а тоа што нивите не ни се плодни ... јебига, требаше да мислиме пред да се е...е, сега више нема каење. Дали Србија ни е...а мамата, незнам, поголемата риба ја јаде помалата, а овие твоиве не задолжија колку вкупниот долг од цела тогашна Југославија, како ми изгледа (ќе) оди и повеќе. Нејсе, незнам кога, у која и каква средина си израснал за да имаш кредибилитет за коментар, приказните кои следеа отпосле беа сервирани од истите тие кои се залагаа за распад САМО за да дојдат на власт. Било како било, сега сме си сами на свое и ќе си кркаме тоа што ни приготвовуваат, ја знаеш онаа од Чорба „ О како је лепо бити глуп“ :)
Дали има спас од оваа криза зависи само од нас, ама македонче вечито плашливо (Мирко, Трајче, Добре...) никад немало храброст да се спротивстави на надредениот (како во државата, така и на работа, па така и дома пред жена му). Никад немало став - увек чека да му го стават ! Е па македонче, чорба :D

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #123 на: 31 Јануари 2013, 21:24:40 pm »
Незнам кои се тие ‘моите‘?На кој мислиш ‘моите‘?
Симо дали за тебе историски(не само на збор или запишани онака,туку видливи)факти треба да се наречат ‘абе нас секогаш некој друг ние крив‘.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3035
  • Слобода или смрт
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #124 на: 31 Јануари 2013, 21:27:56 pm »
Спас од кризата тешко пред се затоа што сме мали. Тоа е факт дека има поголеми и помоќни играчи од нас. Неможеш да споредуваш македонија и југославија затоа што југославија е 20 и кусур милиони луѓе со излез на море со многу природни ресурси голема територија тогаш наталитетот бил во полет.. Сега македонија е исцедена мала со 2 милиони луѓе од кои голем дел внатрешни непријатели кои се како тумур во државата така да може само да си ја слушаме од игор онаа песната како беше нема спас ..

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #125 на: 31 Јануари 2013, 21:30:58 pm »
Симо, не е само сигурноста од безбедносен аспект која ја имало во екс ЈУ, туку и од економски. Средната класа, рајата, како сакаш наречи ја, немала многу, ама имала доволно за некој си пристоен живот без луксузи, и знаела дека ќе има исто толку и утре и за година и за 10 години ако се здрави и живи.

Денес не знаеш утре дали ќе бидеш сеуште вработен, иако изминатите 20 години си работел на истото место без никакви посебни забелешки. Не па да планираш долгорочно :)

Секако дека системот како систем имал доста фалинки, прво и основно еднаквоста и самоуправување, жива глупост. Но како и да бил поставен, што и да била филозофијата, успешно функционирал.

Јас секако дека не памтам ништо, затоа што сум помлад, но според кажувањата на моите, тогаш животот бил многу поубав и поедноставен. Луѓето далеку подобри, односно повеќе солидарни и помалку безчуствителни. Моите не го зборат ова затоа што тогаш имале, а сега немаат, па затоа и ми значи нивното мислење како на непристрасни луѓе. Иако тогаш материјално имале помалку, сепак викаат подобро било за живеење. Секако, ни тогаш, а ни сега не биле умешани во партии и слични интереси, па ни тоа не им влијае :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3035
  • Слобода или смрт
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #126 на: 31 Јануари 2013, 21:33:43 pm »
Bilo je to dobro vrijeme
sve na kredit, sve za raju, jarane
u auto naspi corbe
pa u Trst po farmerke

Bilo je to dobro vrijeme
te na izlet, te malo na more
u kuci puno smijeha
u basci Jugo 45


Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #127 на: 31 Јануари 2013, 21:37:13 pm »
@Мечето, Лошо ме разбра. Дали некој друг е виновен за твојата судбина или сам си ја кроиш? Ако сам си ја кроиш, тогаш тешко дека друг може да ти биде крив.

За жал, сите знаеме како се пишува историја. Јас знам за онаа историја што дедовците ми ја раскажувале. И едниот и другиот, директни учесници во градењето на среќна иднина за мене. Затоа и сега не сакам кон никого со прст да покажувам и да викам овој или оној е крив за тоа што јас сум во ваква состојба. А тоа што по книги го презентирале победниците, тоа е друга прикаска.  

Наместо да арчиме време на барање виновници, треба да почнеме да го арчиме времето продуктивно. Да развиваме слога, која е неопходна за добар и здрав развој. Да знаеме дека ако некој друг размислува различно од мене - не ми е непријател по дефиниција, туку дека и тој можеби сака иста цел, но по друг пат. Е кога ќе го разбереме тоа, ќе почнеме со поголеми чекори напред да одиме како македонска цивилизација. Барајќи ја нашата постојност во кромањонските гени, е помалку продуктивно од она што може сега да го оставиме како цивилизација за твоите и моите правнуци.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #128 на: 31 Јануари 2013, 21:40:01 pm »
Незнам кои се тие ‘моите‘?На кој мислиш ‘моите‘?
Симо дали за тебе историски(не само на збор или запишани онака,туку видливи)факти треба да се наречат ‘абе нас секогаш некој друг ние крив‘.

Мислев на твоите истомисленици.
Инаку (иако е до Симо прашањево) лично сметам дека самите ние сме си криви за све - тоа и го кажав у мојот текст, нели.


Сакав само еден цитат само да пуштам, пошто ги очекував античките да се јават :)

„Сѐ до 1453 (до падот на Константинопол), Византија во основа претставува римско царство, и својата држава и земја ја нарекувала Роменија или Ромејско царство. Жителите на оваа царство себеси се сметале за Ромеи (односно Римјани - термин со кој и денес им се обраќаат голем број византолози), а потоа следувале другите категории како етнички Грци, Македонци, Ерменци, Арапи и др. До ден денес во некои делови на Грција се користи терминот ромаои, што означува домородец или земјак.“


Мене идоли ми се Св. Кирил и Методиј, не сакам да давам ама малку историја не на одмет:

     Свети Кирил и Методиј (старословенски: Кѷриллъ и Меѳодїи) биле македонск браќа родени во Солун во деветиот век, кои станале мисионери на христијанството помеѓу Словените од Голема Моравија и Панонија. Преку нивната работа тие влијаеле врз културниот развој на сите Словени, поради што ја добиле титулата Апостоли на Словените. Тие се заслужни за изумување на глаголицата, првата азбука искористена да се препише старословенскиот јазик. По нивната смрт, нивните ученици ја продолжуваат нивната работа и дејност помеѓу Словените. Двајцата браќа се почитувани во Источната православна црква како светци со титулата Еднакви со Апостолите. Во 1880, Папата Лав XIII ја вовел нивната слава во календарот на Римокатоличката црква. Во 1980, Јован Павле Втори ги прогласил за ко-патрони на Европа, заедно со Бенедикт Нурсијски.

     Св. Кирил и Св. Методиј Солунски се родени браќа од Солун,од угледно и богато византиско семејство, татко Лав и мајка Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер помина десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечи на гората Олимп и се предаде на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружи и Кирил (Константин Филозоф). Кирил и Методиј, познати како солунските браќа просветители, имаат голема улога во словенската историја. Нивното дело ги описмени словенските народи.
 
     Споменик на Св. Кирил и Методиј близу Камениот мост во Скопје

Во почетокот на IX век била веќе подготвена солидна основа за поширока и поорганизирана мисионерска активност во Западна Бугарија. Во тоа време Византиската Империја доживува нов расцут на културен план, па овој бран ги заплиснува и градовите што биле оддалечени од Цариград, посебно Солун. Во првите децении на IX век во Солун живее и семејството на висок службеник на царската власт, помошник на византискиот стратег на Солун и солунската област. Тоа бил Лав со својата сопруга Марија. Нивната народност е нејасна. Семејството имало повеќе деца, но се спомнуваат само имињата на најстариот - Методиј и најмалиот Константин. Дури не се спомнува и световното име на Методиј, кој ова го добил при замонашувањето.

     Побожните родители ги упатиле своите рожби уште од најраното детство во христијанството, трудејќи се да им помогнат да ги применуваат возвишените христијански вистини во својот живот. Костантин уште од својата младост се занимавал со списите на свети Григориј Назијанзин и на Дионисиј Аеропагитски. Татко му го испратил во Цариград да го продолжи своето образование во императорското Магнаурско училиште, каде, освен богословските науки, се изучувале и граматика, аритметика, географија, астрономија, музика, поезија, реторика. Покрај овие науки, Константин учел и јазици - латински, еврејски и сириски. Откако го завршил своето високо образование, Константин бил назначен за библиотекар при црквата Света Софија, а потоа бил поставен за професор по философија во училиштето што го завршил. Тогаш го добил и името Константин Филозоф.

     Како високо образовени и талентирани личности на Кирил и Методиј ќе им бидат доделувани многу тешки и одговорни задачи од страна на византискиот двор. Најпрво биле испратени во мисија кај Сарацените (Арапите) во Багдад, која како и Хазарската и Моравската мисија претставувале дел од политичката програма на Византија, чија основна цел е да ги христијанизираат Сарацените, Хазарите, Моравските Словени, Бугарите, Русите и другите народи на исток и север од Византија и да им ја наметнат византиската црковна власт. Кога хазарскиот цар Каган побара од царот Михаил проповедници на верата во Исус Христос, тогаш на заповед на царот беа пронајдени овие двајца браќа и беа испратени меѓу Хазарите. Откако го уверија Каган во верата Христова, тие го крстија овој цар и голем број негови доглавници и уште помногуброен народ. По извесно време се вратија во Цариград, каде што ја составија словенската азбука од триесет и осум букви и почнаа да ги преведуваат црковните книги од грчки на словенски.

      На повик од царот Ростислав отидоа во Моравија и таму ја распространија и ја утврдија православната вера, па ги умножија книгите и им ги дадоа на свештениците за да ја подучуваат младината. А подоцна на повик од папата заминаа за Рим, каде што Кирил се разболе и умре, на 14 февруари 869 година. Тогаш Методиј се врати во Моравија и до смртта се потруди на утврдувањето на Христовата вера меѓу Словените. По неговата смрт - а тој се упокои во Господа на 6 април 885 година - неговите ученици Петочисленици, на чело со Свети Климент Охридски како епископ, го преминаа Дунав и се спуштија на југ во Македонија, каде што од Охрид продолжија да работат меѓу Словените на истото дело што го започнаа Методиј и Кирил на север.

     Што се однесува до Методиј, постојат мошне оскудни извори, според кои тој се здобил со световно образование и се посветил на државната и воена служба. Бил надарен со христијански добродетелен живот и државнички и воени способности. Подолго време управувал со брегалничката област и придонесол христијанството длабоко да се всади во македонската душа во тој дел на Македонија. За овој успех бил особено заслужен и неговиот брат Константин.

     Мисионерската дејност на светите браќа меѓу Македонците, посебно возобновувањето и применувањето на македонската азбука е забележано во житието на Свети Наум. Ова му претходело на преведувањето на светите книги на јазикот на Македонците од солунско и на мисионерското дело меѓу западните Словени во Моравија.

     Извесно време пред својата мисионерска дејност, светите браќа се повлекле во манастирот Полихрон на планината Олимп, каде всушност конечно се подготвиле за своето епохално мисионерско дело. Манастирското осамување го прекинале двапати кога биле испраќани од византиската власт од цариградскиот патријарх во мисии меѓу Сарацените и Хазарите. Овие мисии ги извршиле со голем успех. Во Краткото житие на Константин-Кирил, напишано од неговиот ученик Климент Охридски, се кажува дека Кирил открил пред Хазарскиот каган дека не потекнувал од византиски род, ами дедо му бил од хранените људе на туѓ „цар„, но побегнал во Византија.

     Ростислав, кнезот на Велика Моравија, испратил молба до византискиот император Михаил III овој да испрати, епископ и учител, кој ќе им објаснува на нивни јазик вистинската христијанска вера. Изборот паднал на светите браќа. Тие биле речиси подготвени и за оваа мисија, зашто голем број од светите книги веќе ги превеле на словенски јазик. Тие избрале достојни ученици и помошници и тргнале во Моравија. Таму биле пречекани со голема радост и со големи почести. Набргу потоа отвориле училиште, во кое ги подготвувале идните свештенослужители и учители за западните словенски народи. Тука наишле на голем отпор од германски свештеници: обвинувани за ерес. Биле принудени да појдат во Рим и да го докажат своето правоверие. Во Рим биле примени со големи почасти од папата Адријан II. Тој ги одобрил словенските богослужбени книги и наредил да бидат поставени во олтарот на црквата Санта Марија Маџоре и богослужби да се вршат на словенски јазик во три римски цркви. Кирил во Рим тешко се разболел и починал на 14 февруари 869 година. Методиј епохалното мисионерско дело меѓу западните Словени го продолжува сам со помош на своите ученици, кои во Рим биле ракоположени во свештенички чин. Непријателството од германските свештеници не престанувало. Истоштен од напори и измачувања, Свети Методиј почина во Нитра, 885 година. Неговите ученици биле подложени на измачувања и прогони. Некои од нив распродадени како робови.

     Делото на светите браќа по смртта на Свети Методиј паднало во голема криза, но благодарение на нивните најдаровити ученици - Свети Климент и Свети Наум, охридските светители и чудотворци, учители и просветители, ползувајќи се со својот мисионерски метод, што имал за цел да им ја објави божјата вистина на новите народи, почнувајќи ја нивната културна самобитност, останал жив образец за Светата Црква и за мисионерите на сите времиња.

     Светите браќа Кирил и Методиј успеале да станат апостоли на Словените. Тие сакале да му служат на доброто на сите словенски народи и на единството на Универзалната црква. За овие и вакви свои заслуги, во своето апостолско послание egrigae virtulis папата Јован Павле II на 31 декември, 1980 година ги прогласил за ко-покровители на Европа, чиј покровител е Свети Бенедикт, прогласен од папата Павле IV на 26 октомври, 1964 година.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #129 на: 31 Јануари 2013, 21:50:41 pm »
Стигнав и во античките да ме сместите.Не можеме да се разбереме,затоа јас се повлекувам од муабет на темата.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #130 на: 31 Јануари 2013, 21:53:00 pm »
Одма ти кажувам дека никаде не те сместувам, мојот коментар се однесуваше на „кој е крив што сме сега подгрбавени“. Нема крив, ние сме криви. Сега е време да се исправиме. Ако подгрбавени се вртиме кон кривците, ќе не` јавне некој од друга страна.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3035
  • Слобода или смрт
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #131 на: 31 Јануари 2013, 21:53:06 pm »
djidji јас се викам Кирил а брат ми се вика Методи баш добро не погодиле моите тој е исто постар од мене.

Назат на темата

Смешно ама точно ко два и два незнам каква е состојбата во другите места ама во штип околината е покосена. Во последниве 10 години тоа се сеќавам како мал што сме иделе на излет беше убаво дрва  кои татко ми ми раскажуваше како одиле на акции да ги засадат (не акции како овие каде автобусите ротираат на 2 саата а градските деца или не одат вадат оправдание или одат па стојат а оние кои ќе се решат да засадат некое дрво корено обратно го стават нагоре). Сега се е тоа направено бришка нема едно останато соголено до трт. Циганите мамето и ебаа а и наште не се ништо полесни они па носат со трактори фрлат ѓубре тоа е депонија сега а порано беше убаво сега ви велам катастрофа е

http://i.imgur.com/pcnHq.jpg

Сега местово нема ни едно дрво и тони ѓубриште


Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #132 на: 31 Јануари 2013, 22:00:36 pm »
Одма ти кажувам дека никаде не те сместувам, мојот коментар се однесуваше на „кој е крив што сме сега подгрбавени“. Нема крив, ние сме криви. Сега е време да се исправиме. Ако подгрбавени се вртиме кон кривците, ќе не` јавне некој од друга страна.
Затоа пишав дека не се разбираме.Сега многу јасно дека сами треба да одиме понатаму.Но тоа шо реков дека Србија ја е*****а Македонија ми беше муабетот за во тоа време дека можело да биде уште подобро за нас Македонците,но на некој тоа му сметало.А Македончето задоволно со една гајба јаболка и еден одмор е слепо и не гледа(ло)шо се случува.Како и да било не ме интересира.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44367
  • Il Moderatore
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #133 на: 31 Јануари 2013, 22:07:33 pm »
Не бе Мечето, не му сметало некому. Туку дедо ти и дедо ми (фигуративно), рекле „добро е и ова што го имаме“.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Забави...... не трчај низ животот...
« Одговори #134 на: 31 Јануари 2013, 22:11:34 pm »
Рекле така многу луѓе,на кои им направиле национализација,па наместо дотогашниот живот морале да се навикнуваат на новите правила.Како шо сега луѓето од ‘тоа време‘ треба да се навикнат на ова време.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D