Детево, кое има две ипол години, деновиве ме подсети како се живеело за време СФРЈ.
Дете ко дете сака се да отвори се да чепне, секој ден кога се враќам од работа, покрај другото, по дома наоѓам штедни книшки кое ги извлекло од некоја фиока.
Сите сме имале штедни книшки јеботе, више се турало него ли што се вадело.
Денес за жал сите имаме кредитни картички кој ги одржаваме у живот на минимум а кога ќе ни затреба пара увек вадиме нова. Денес штедна книшка ретко кој има.
Покрај штедни книшки гледам сметки за струја од осумдесетите, што да ви причам ко денес од 20 000 плата за струја да треба да издвојиш 1 000 ка.
За жал вчера ми стигна сметка за струја со рекордни 11 000 денари. Пола плата треба да ја дадеш само за струја.
Југославија е дефиниција како едно опшество треба да функционира.
И фала Богу за разлика од Фалангитис, у моја потесна и поширока фамилија, потесен и поширок круг на пријатели, сите се со спротивно мислење од неговото.