Прават муабет Германец Француз и наш.
Германецов вика, абе јас плата земам 3200еур, ама сметки, деца, кола, шопинг и ете ти ги отишле 2600евра, и плус ситници ете ти ги 2800 евра. Кај ми одат тие 400 евра секој месец појма немам.
Французов вика, еве јас исто земам 2600еур плата, и ќе платиш за кола, за намирници, за градинки, за по дома ствари ете ти ги 1900евра, и за ситници ќе отидат 300-400 евра. Кај ми одат последните 300 евра појма немам.
Нашиов сирот вика, исто исто, и кај нас е исто. Еве јас зимам 350еур плата, за дома, за кола, за деца, шетање ова она отишле 500 евра. И рати за ствари за ситници уште 150 евра отишле. Од кај ми идат тие 300 евра секој месец, појма немам.