Автор Тема: Bmw E39 528i  (Прочитано 95570 пати)

Отсутен kirilsbmw

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 361
Одг: Bmw E39 528i
« Одговори #420 на: 30 Јули 2019, 18:24:21 pm »
Пробај прво со абс сензор ама големи се шансите дека модулот не е исправен. Има неколку видови на модули со различни бројки ако бараш друг најдобро да е иста година ко твојата. Исто така да се пракаат на репарирање.
Доколку мењаш новиот мора да се програмира на колата.

Отсутен GTI

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 5
Одг: Bmw E39 528i
« Одговори #421 на: 31 Јули 2019, 08:10:40 am »
Фалати многу, на компјутер каква грешка ти јавуваше ? Таков модул не би требало да е многу скап... Уште подобро што за ова ќе најдам многу брзо, знам барем 5/6 луѓе што имаат растурено исто бмв...

Иначе и овај го гледав... Го ваѓа и го праќа на репарирање.. Го враќа и све си функционира одлично..

Грешка дека модулот не е исправен не ми се појавуваше, туку баш како кај тебе, некогаш се појавуваше дека преден лев сензор за ABS не е исправен, после некое време ќе ја снема, па друг сензор така ќе направи, сето тоа заради слабиот контакт на жиците, кога има кога нема.
Иначе ти реков дека и опција е да го извадиш и да го пратиш на репарирање, што мислам дека би чинело исто колку да си најдеш половен можеби и поскапо. Половниот модул кај мене беше некаде околу 4000 денари.

Ако го менуваш барај да биде со ист код како твојот што е на модулот, и ќе треба да го програмираш за твојата кола како што спомна @kirilsbmw .

Според мене, 100% модулот е неисправен бидејќи чест проблем на овие модули е да губат контакт жиците и да прави вакви проблеми.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Bmw E39 528i
« Одговори #422 на: 26 Ноември 2019, 02:51:06 am »
Се извинувам за касниот одговор... Проблемот е исти и ден денеска... Некој дали знае некој мајстор/сервис што работат со репарирање модули ?

И да земам исправен половен модул незнам после дали воопшто некој ќе може да го репрограмира, не ми се оди по мајстори пре јас би го средил..

Отсутен vladimir_

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 212
Одг: Bmw E39 528i
« Одговори #423 на: 26 Ноември 2019, 07:48:38 am »
Зошто би требало да се репрограмира ако најдиш од иста кола ,ист тип на модул и со исти ознаки?
Можно е само да треба на дијагностика за да ти ја избришат старата грешка ако уште стои на таблата

Sent from my PRA-LX1 using Tapatalk


Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Bmw E39 528i
« Одговори #424 на: 19 Декември 2019, 16:06:27 pm »
Апдејт за системот за пролизгување.. Пред 2 недели ја однесов на мајстор колата, и првично на дијагностика кажа заден десен абс сензор.. мајсторот го извади модулот за да го репарира.. Остана неколку дена, пробавме али ништо не бидуваше..
Во меѓувреме купив друг модул со се пумпа.. Сменивме модулот и повторно истиот проблем, светнаа сијаличињата.. На дијагностика се појави Abs pressure sensor open circuit.. Одма го променивме сензорот али истиот проблем... За последно сменивме цела пумпа, го променивме глицеринот, испуштен воздух и пак истото, истите сијаличиња светат (само кога ќе загрее колата) а дијагностиката вика abs pressure sensor open circuit...

Сега све си мислам дека и другиот модул е неисправен.. Или евентуално проблемот е во нешто друго.. ?

Отсутен godofspeed

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2840
Одг: Bmw E39 528i
« Одговори #425 на: 19 Декември 2019, 18:04:19 pm »
Апдејт за системот за пролизгување.. Пред 2 недели ја однесов на мајстор колата, и првично на дијагностика кажа заден десен абс сензор.. мајсторот го извади модулот за да го репарира.. Остана неколку дена, пробавме али ништо не бидуваше..
Во меѓувреме купив друг модул со се пумпа.. Сменивме модулот и повторно истиот проблем, светнаа сијаличињата.. На дијагностика се појави Abs pressure sensor open circuit.. Одма го променивме сензорот али истиот проблем... За последно сменивме цела пумпа, го променивме глицеринот, испуштен воздух и пак истото, истите сијаличиња светат (само кога ќе загрее колата) а дијагностиката вика abs pressure sensor open circuit...

Сега све си мислам дека и другиот модул е неисправен.. Или евентуално проблемот е во нешто друго.. ?
Проверете ја цела инсталација што е поврзана со АБС системот

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Bmw E39 528i
« Одговори #426 на: 19 Декември 2019, 18:11:09 pm »
Баш тоа ми текна прво.. визуелно прегледав инсталацијата дали има некои оштетување негде некаде.. нема.. А и да има ќе јавува на компјутерот нон стоп додека кај мене само кога ќе загрее.. Ладна кола или кога ја возам на отворено (ваљда така чува ладно) све си е нормално без никаква грешка..

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Bmw E39 528i
« Одговори #427 на: 28 Јануари 2020, 19:47:06 pm »
Да направам апдејт на темава... Со вториот модул проблемот остана исти па мораше да испробам среќата со трет.. Го ставив третиот и одтогаш е све океј, среќа неисправниот го вратив па убаво поминав.. Во меѓувреме изваден липот на гепекот, пред 1 месец купени 2 нови рикен гуми и 2 половни 2 месеци возени (2018) goodyear зимски на 16ките бандажи..
Сеуште во дилема сум дали да ги враќам фабричките спирали (ми фаќаат пластиките на легнати кога сум со 4/5 луѓе)..
Пред некоја ден го перев па -2 па ми светна сијаличката за плочки (предните се сменети пред 4000км, задните незнам)...

А да, ми се има случено 2/3 пати (последниве месец дена) да се слуша некое прпоркање (долу) како рушен ауспух, али после малку возење све си се враќа во нормала..
Здравје за 1 месец ќе иди на детална проверка, промена сет ламела, промена диктон на капачка, да се види подвозјето што има за менување, исто така и тоа сијаличето за плочки да се провери што мака има..

Еве и некоја слика.


« Последно менување: 28 Јануари 2020, 20:42:50 pm Бузуки »

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Bmw E39 528i
« Одговори #428 на: 28 Јануари 2020, 22:37:36 pm »
Јас не би ги вадел спиралите, таман си е вака  :)

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Bmw E39 528i
« Одговори #429 на: 30 Јануари 2020, 01:08:48 am »
Малку е лошо што само напред ми се спортски/ниски спиралите.. Позади се фабричките и е повисочко за некој цм.. Е сега со 18ките убаво му стојат малку и поткренато али со 16киве катастрофа е...

Додека па со фабричките спирали на 16ки не се приметува пошто има многу простор кај полумесеците, а со 18ки е сето тоа пополнето и секој мм се познава..

Би го спуштил и позади али ќе фаќа премногу..

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20115
Одг: Bmw E39 528i
« Одговори #430 на: 30 Јануари 2020, 03:59:52 am »
Нели ти сметаше што напред е пониско отпозади? Ти уште пониско си го направил напред? Чим фаќа со 18ки утнато е нешто во димензиите на бандажите или гумите.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Bmw E39 528i
« Одговори #431 на: 30 Јануари 2020, 16:56:50 pm »
Прво ми сметаше што напред беше повисоко, потоа ставив апекс спортски спирали и клекна таман напред а задницата остана малку повисочка.. Со 4/5 луѓе во кола знае да фати на пластиките кај праговите на легнат полицаец ако го поминам (слезам) набрзина..


Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Bmw E39 528i
« Одговори #432 на: 30 Јануари 2020, 23:36:57 pm »
Нема ништо погрдо од кола која е повисока напред од назад, како претоварена да е цело време  :-X

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5856
Одг: Bmw E39 528i
« Одговори #433 на: 31 Јануари 2020, 07:58:09 am »
Може вреќи цемент носе позади,да не шлајфа на снего 😁

Sent from my HUAWEI GRA-L09 using Tapatalk


Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Bmw E39 528i
« Одговори #434 на: 15 Февруари 2020, 18:15:44 pm »
Малце се позанимавав деновиве..

Порачав лед трака (или жица) за кај совозачката лајсна, првично сакав да ја наместам по краевите од лајсната али дречеше многу па фатив ја излепив под лајсната и ставив на 4те држачи по една шајбна (како дистанцер) со цел да не влага лајсната скроз до крај.. На сликите многу повеќе свети него во живо..
Се мислам дали да продолжам и на лајсните од вратите да ги осветлам малку..

Купив оем мултимедија па ја монтирав, мислам дека се вклопи одлично.. Многу почист и подобар звук дава од тоа мп5 2дин мултимедијата.. Едино проблем не можи да најди фм станици, го носев и на мајстор пробуваше нешто ми вика некое црно нешто требало да се мењава ама немало шанси да најди такво и така остана.. ионака секако не слушам радио..

Еве и некоја слика..