Колку те чинеше вкупно? Колку часови е потребно да се извозат и дали е морално? Бидејќи гледам сега кога полагаат за Б категорија ги снима камера и мора да ги извозат сите часови кои се предвидени.
околу 21.000, 8 часа возење од по 1:30 и 2 часа теоретско од по 1:30 и е морано пошто те снимаат. Ти возиш напред, инструкторот позади тебе со кола те следи и те снима.
Ете пошто ти е тазе ајде сега да пишеш по ред што се мора да се направи, и каде се треба да се плати.
Фала многу.
Процедура е следна:
1. Прво одиш во автошкола и му викаш на тоа чичето: Чиче ја сакам да полагам за А а веќе имам Б, што треба да направам:
2. Ти треба:
- копија од лична карта заверена на нотар, (150 ден)
- копија од возачка заверена на нотар (150 ден)
- лекарско уверение (околу 2000 ден)
3. Со овие документи се враќаш во автошкола каде што треба да:
- Уплатиш 12.600 денари
- Слушаш 2 теортески часа од по 1:30 мин
- Возиш 8 часа од по 1:30 мин и тоа:
- 2 часа на полигон
- 2 часа во вон населено место (не автопат туку по сите села

)
- 1 час ноќна вожња низ град
- 3 часа денска низ град
4. Од кога ќе завршиш од автошкола ти ги даваат сите документи вклучително и потврда за возени часови.
5. Одиш во испитен центар за да запишеш полагање
- Во испитен центар ако е се во ред со документите ти даваат да уплатиш уплатница од 2300 денари за прво полагање и по 1500 за секое наредно ако паднеш
- Уплаќаш и се враќаш во испитниот центар да си земеш картонче и потврда за закажан термин.
- Одиш да полагаш на закажан термин да полагаш и на полигон плаќаш уште 1500 денари за користење на полигон а во оваа цена мислам дека спаќа и користење на моторот од автошколата.
Ценa севкупно мене колку ме коштање:
- Копии на нотар: 300 ден.
- Лекарско : 2.000 ден.
- Часови : 12.600 ден.
- Прво полагање : 3.800 ден.
- Второ полагање: 3.000 ден.
- Нова возачка: 500 ден.
ТОТАЛ: 19.500 ден. +- 500-1000 денари ако нешто сум заборавил.