Автор Тема: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)  (Прочитано 622686 пати)

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6315
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #810 на: 04 Јули 2016, 20:21:45 pm »
Не сум по чоперите.. ќе видам ќе барам нешто без документи ако можам да го легализирам со новиот закон.. ако не ќе видиме вакво нешто http://www.vrapce.mk/ad/155405

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1221
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #811 на: 04 Јули 2016, 20:45:43 pm »
Имаше едни TVS APACHE SUZUKI лиценц, максима што ги носеше ако ти текнува кои се........едно време ги фалеја.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6315
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #812 на: 04 Јули 2016, 20:53:23 pm »
Ги знам, одлични се другар има, 32.000км,  досега само потрошни материјали (свеќица уље и филтри) менувал..Мали се али Ќе видиме..
« Последно менување: 04 Јули 2016, 21:09:51 pm Бузуки »

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6039
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #813 на: 04 Јули 2016, 21:04:35 pm »
Да и TVS APACHE 150cc  се супер мотори само шо и тие се со мала каросерија :) машини имат екстра :) а прво за земеш да повозиш барем 5 км Трува 250цц сигурен сум дека нема да го погледнеш тој супермото 250цц :D не дека е лош него зборувам за вожната

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6315
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #814 на: 04 Јули 2016, 21:13:36 pm »
рики имам возено.. за јамахата дојде еден со трува за чиста трампа.. го повозив 2 км али не е тоа тоа.. И поспоро и полоша вожња од јамахата..
Таа па на комшија му ја продадов.. Ја возев баш денеска.. топ е, ќе му ја барам назад.. ваљда со новиов закон ќе можи да се регистрира..

Амортизерот со подесување беше, амортизација имаше феноменална.. Седиштето меко, положбата одлична.. Моторот стакло, ракета..
Едино не сакам што е мала каросеријата и не ме личи баш..

После јамахата на 90% од моториве што ги возев мачно ми е.. Или е преспор, или вожњата е катастрофа, или па премногу е нестабилен, за вибрациите при возење да не правиме муабет...

« Последно менување: 04 Јули 2016, 21:21:11 pm Бузуки »

Отсутен coupe

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 115
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #815 на: 05 Јули 2016, 20:24:37 pm »
I toj nazad so sedi smrdi na mesavina nemozi da se sedi do nego.Ali za niz grad si brkaat ubava rabota.Jas planiram nekoja Gilera 180-ka ili 200-ka ama ke vidime.
Vistina smrdi nazad ama na kineskite vespi posto od gornata strana na auspuhot e cevceto od kaj sho cadi, a na apiliata mu e od dolu :D

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15127
  • Пудингот на шоферството
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #816 на: 05 Јули 2016, 20:59:23 pm »
Sum mnogu vrsti na skuteri del moi del na drugari,a sum vozel i mnogu drugi motori del moi del ja drugari,podaleku od dvotakten motor.Za kef,za duvanje onaka e ok,ama za podolga upotreba nikako.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6315
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #817 на: 06 Јули 2016, 01:30:42 am »
Двотактен скутер не.. ама двотактен мотор.. Јамахата имаше одличен звук, не пиштеше.. Имаше некои пригушувачи.. На двотактол немаше никаква миризба, секако со одличен двотактол, репсол..
За брзина да не правиме муабет.. тие кинеските 400/350ки им бегам 15 метри..
Потрошњата со нормално возење околу 3/4.. Со стегање повеќе од 5 немам измерено.. Си има вентил што отвара на 5/6000 обртаи...

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1221
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #818 на: 06 Јули 2016, 08:05:30 am »
2T само 50цц, едно време знам пијаџо гупацијата правеше 2т 125 и 150...ама мислам ги нема веќе....

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #819 на: 06 Јули 2016, 09:26:50 am »
Јас возам 2т 150ка, Веспа ПеИкс :)

Не би ја мењал за ништо, иако цело време нешто треба да се чепка.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен stefanel984

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1221
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #820 на: 06 Јули 2016, 19:52:20 pm »
Сеа ми текна, згрешив уште ги прави PX-от , баш е уште во производство 2т:)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #821 на: 09 Јули 2016, 00:13:41 am »
Двотактен скутер не.. ама двотактен мотор.. Јамахата имаше одличен звук, не пиштеше.. Имаше некои пригушувачи.. На двотактол немаше никаква миризба, секако со одличен двотактол, репсол..
За брзина да не правиме муабет.. тие кинеските 400/350ки им бегам 15 метри..
Потрошњата со нормално возење околу 3/4.. Со стегање повеќе од 5 немам измерено.. Си има вентил што отвара на 5/6000 обртаи...

јас на времето имав MZ 250-ка, двотактен.. тоа беше машина у пм, за тоа време... еден цилиндар, 250 кубика двотактен... ако ми снемаше двотактол (се знае, у тоа време само макпетрол имаше двотактол) знаев да турам и машинско уље и нема гајле... и со едното и со другото чуреше офлеле мајко... од тој мотор ке погинев тогаш... скоро 2 недели кома од пад (огнено крштевање тоа го викаме ние), затоа што беше ѓаволски скокач и нестабилен, а сепак јака машина...

имав и јава калифорнија двотактна, имав и минск двотактен... сите беа чурачи невидени... денешниве пролупани дизели вода да им носат... ако се прашувам јас, двотактен не би више никад.. имав и една хонда адли пред 4-5 години двотактна, не се задржа кај мене ни 2 месеци а не ја повозев ни 100 километри... незнам ни зашто ја купив воопшто. ја промажив многу брзо, зш изгледа ми требаше да ме потсети зашто нејкам двотактни машини...

Јас возам 2т 150ка, Веспа ПеИкс :)

Не би ја мењал за ништо, иако цело време нешто треба да се чепка.

е мене тоа ме нервира.... чепкањето кај двотактните машини е постојано.. како се мења надворешната температура на воздухот така и кај нив треба штелки.... да не прајме муабет за тоа што двотактните имаат поголеми вибраци во лер, па се нешто се расштрафува одоколу па сака притегање... има решење со мутери со пластичен дел во навојот како стоперии тие потешко се отштрафуваат...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6315
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #822 на: 09 Јули 2016, 02:56:45 am »
Кај мене јамахата 3 години беше.. освен вториот месец што го направив ремонт комплет, никогаш не бил буцнат моторот.. ланецот еднаш или двапати го подмачкав и тоа беше све.. Само турај двотактол и бензин и вози :) 8000км му направив и го дадов.. Периодов сум во преговори да си го вратам назад..

И овај беше многу нестабилен, појачуван (61мм незнам каков клип 'тркачки') ова она имаше згора од 30 коња.. А цел мотор тежи околу 80кг.. 0-100 за 7/8 секунди додека максимална му беше околу 140/150... Али рачунај над 130 е веќе измачување/невозможно да возиш..

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4130
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #823 на: 09 Јули 2016, 11:15:24 am »
Јас со Aprilia RS125 2Т си поминав топ, штета што веќе станав големо магаре и не ме личеше мн мн на моторот, инаку уште ќе го имав. Го купив нов во 2007 и го извозев 22000км за 2 години, од кој 8к првата и 15к втората. После уште 2 год по 1000км го возев и го продадов зошто многу ретко го коритев. За тие километри сменив само 1 пар гуми и балансни запчаници во машината кој ги сменив зошто Априлиа препорачуваше да се сменат на 16-18000км не ми текнува а не дека имаше некој проблем. Сепак за смена платив 3600 а ги продадов за 2000 така да супер си поминав :)

Моторот беше претежно возен на отворено со цела гас и трошеше од 4.5 до 6.5л/100км(на автопат цело време 160). Препрезадоволен бев од него. Кога го купив му ја извадив Еко блокадата од ECU-to за да не биде ептен мртов под 5000рпм и на 10000км му го извадив катализаторот ор првиот лонец. Моторот одеше 167 по тахометарот а забрзувањето никогаш не го измерив. Циклистиката и кочниците беа одлични. Двотактол му ставав Елф 2Т Мото. Сите сервиси ги правев во Мото Јове на 4000км каде што ми менуваа филтер за воздух, уље во трансмисијата и го чистеа вентилот.

Еве некое сликиче од бандата што се возевме тогаш. Ова е на почетокот, после сменив кацига(AGV GP1 Pro Rossi Replica) oваа мн се тресеше на поголеми брзини.
Моториве на сликава се ептен контраст на мојава РС125 ама шо да се праи :)



« Последно менување: 09 Јули 2016, 11:21:40 am Sase_91 »
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Мотори (Мотоцикли, Скутери, Мопеди)
« Одговори #824 на: 09 Јули 2016, 11:25:12 am »
Еве ја мојата банда од пред две недели :)

https://docs.google.com/open?id=0B9PEcE46SR8jV3FqVnREUDJ0YVU
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.