Првите 1000 км се клучни, тоа е муабетот....после не мора да му се секираш, освен да не турираш во место ко тинејџер и да тргаш со 50% гас.
aj извини вака, ама стварно ме интересира како тргаш ти со мотор кој е со погон на ролни? 50% малку е.. поише треба иначе нема да тргнеш...
Значи ти го советуваш, човекот да тргне со 4000-4500 вртежи, од максимални 8000? После ти ќе му купуваш нова ламела?
прво и основно, ретко кој скутер врти до 8.000 обртаи... знам такви што вртат и 9, ама во принцип сите ФАБРИЧКИ се направени да вртат до кај 6500. како се зголемува брзината во принцип тоа прво ке падне на 6.000 па ке порасне максимум до 7.000 ама 50 кубичните не стигаат до тие обртаи... за да врти 8.000 илу уште повеќе потребни се МОДИФИКАЦИИ кои подразбираат промени во преносот, други ролни, други затегачи-федери на ламелите, помало звоно, помал каиш... секако тука игра улога и промена на дизните во карбураторот, вбризгувањето на гориво и воздух се менува и уште еден куп т.е. серија на измени за да може тоа да врти со тие обртаи, а од 2011 година па навака се почесто има мотори на кои треба и еку-то да им се смени со постар модел, затоа што ги лимитираат на обртаи електронски...
второ... со 3.000 обртаи или помалку НЕМА ДА ТРГНЕ туку само во место ке седи И КЕ ЈА ГОРИ ЛАМЕЛАТА затоа што 4 тактните во лер работат помегу 1.700 и 2.100 обртаи... ЗА ДА ТРГНЕ НОРМАЛНО му треба просечно 5.000 обртаи. точно на тие скутери со ролни како погонски дел им се потребни поголеми обртаи за да не ја горат ламелата. бидејки очигледно е дека не знаеш или некој грешно ти пренел информација, ке ти го појаснам ова.. ламелите се со федер за отпор. оној момент кога ке дадеш гас, тие полетуваат кон звоното и залепуваат одма, а потоа ролните го диктираат темпото на движење и брзина со ширење-намалување на шајбната. така тој мотор кога ке му одземеш гас работи во лер-во место без да има погон.. доколку му даваш помалку гас, ламелите не залепуваат туку почињаат да се тријат од звоното и да се трошат...
Го разбираш ти убаво што сака да каже, не почнувај пак.
не тропај и ти сега... убаво го прашав, затоа што... ете ти погоре објаснување... многу е грешно тоа што он го пиша. до толку грешно што ке направи штета на некого... не почнувај ти сега...