да.. точно.. се средува.. ама имаш бајаги за средување... не е само бојата...
како што гледам, задната звезда поприлично му е зашилена, тоа значи нови звезди (предна-задна) плус ланец, бидејки и тој ке да е растегнат, а како што гледам и кородиран, е, значи спреј за ланец одамна нема видено... како и да е нај малку 150 европски тука ке идат... фарбање 100-че. седиште претапацирање (зашто таа боја погрда неможе да биде за седиште) уште 50-че... ова вака од видување на слика, т.е. од фрлање едно окце... да го повозам 10-тина минути ке ти кажам уште што има, покрај тоа што гледам дека има несоодветно мала задна гума.
инаку и јас сум љубител на постри мотори, гледај ме што возам, ама од конкретниов модел имам нагон за повраќање иако некој од некого крадел за дизајнот (кавасаки вс сузуки), сепак кавасакито од тоа време има грандиозен лик во споредба со овој, кој во суштина пластиките и маската му се за заштита на шоферот, без ни една црта за стабилизација при возење... тоа го прави страшно нестабилен при поголеми брзини. сузуки gsx550, е мотор кој што 200 ке ги крене, а на таа брзина без стабилизатори, ЛЕСНО СЕ ГИНЕ.
пиле... овој мотор не е за тебе... млад си и суште зелен за да возиш ваков нестабилен мотор. купи нешто шо е по залепено за асвалт. нешто што кога ке повлечеш на гас, и кренеш 200, да те држи убаво залепен за подлога, а не на прва џумка или бочен ветер, да те читаме по весници... послушај го чичо онак... башка конкретниов има уште пари за давање додека се дотера до нешто по приступачно за експлоатација...
едит...
ај да те научам нешто... еве за што ти зборев:

сличноста е многу голема... ама сузукито е бајаги потенко, затоа сакито е по грандиозно.. но тоа не е ни битно... стабилноста. за нејзе да збориме погледни ги жмигавците и испупчувањата на нив.. и на предни и на задни.. погледни ги колкави се т.е. колку штрчат на надвор... тоа се горните стабилизатори. ај сега погледни го она полукружното позади ПРЕДНОТО тркало, на шасијата што е заштрафено, т.е. во склоп со пластиката од шасијата, што личи на кора од пола портокал. позади него е резервоарчето за антидриз, а во суштина тоа е СПОЈЛЕР, кој ако не е како што треба, ке те фрли.. е тој спојлер, те држи 50% повеке на асвлат, отколку ако го немаш. каде е тој спојлер на сузукито?
склоот на горните 4 стабилизатори, плус спојлерот, плус протокот на воздух низ самиот мотор и шасија те прави црвст на земја, кога шибаш на големи брзини. во клубов имаме 2-ца со дукати, нејкет, едниот е 2012 другиот 2011 година... и двајцата кажуваат дека не се осудуваат поише од 150-60 да возат... едноставно толку силни вибрации има, да им е страв за побрзо... мислам дека ме конташ, а ти размисли, смисли, прашај и други по искусни моторџии, па после одллучи... одлуката ке биде твоја и само твоја.. ама и последиците ти ке си ги тргаш...
јас отидов до тој чекор да кога мењав ауспуси, барав аеродинамични ауспуси, бидејки поставеноста на лонецот на овој мотор е нагоре. не е права како кај многу мотори, а не е ни сокриен позади пластика, туку баш е на удар на ветер кој проаѓа токму нис пластиките предни, низ отовите за промаја. ај да речеме, ке ставиш некој кој нема да ти ја зголеми стабилноста.. но што ако ставиш некој што ке ти ја намли стабилноста?
еве го мојот избор на ауспуси:

сосем случајно ги имав кај мене. но ако не беа добри, немаше да ги турам, ке барав друга солуција..
секое добро...