На скутер поголем проблем ќе ти биде ветер и големина на гуми (стабилност) на автопат. Инаку сите 100ка одат , не им е проблемот, финтата е кога ќе те затера камион со 95, ќе останеш позади него до прва патарина..
Vespa GTS 125 од поновиве со iget машини, има убави китчиња од Malossi, 183cc се праи, и си пичи комотно со автопатски брзини, ем можеш и секундарниот преност да го смениш, па на 110 веќе и да не си со пуна гас, туку лаганица со пола гас да си возиш а максимална може и над 120. Што би се рекло, веќе си спремен да се пуштиш и надвор од град без мака.
Колку што видов со Б категорија и потврда не си ограничен да не возиш на автопат, значи може комотно македонијава да се поминува.
Сигурно и други има, Yamaha Nmax има добра поддршка од Malossi исто 183цц кит, постарите веспи 125 со LEADER мотор do 220cc, само таква не ми се гледа, пошто е без ABS..
Опциите се многу добри со 125-ка, да се напраи растеретена 180-ка/200-ка, поготово со водено ладење и абс/аср, тоа е веќе употребливо и за надвор од град. Тоа го нема со папаки мапаки и сл.